Италијанскот дизајнер на чевли Серхио Роси почина на 84 годишна возраст. Откако бил примен во болница пред неколку дена во Чезена, град во областа Емилија-Ромања која е еднa од најпогодените области од пандемијата со коронавирус, беше објавена веста дека веројатно починал од оваа болест.
Неговите чевли во своите колекции ги користеа дизајнери како Версаче, Долче и Габана, а ги носат и славни личности како Ријана, Парис Хилтон, Лора Дерн, Аријана Гранде…

Чевларскиот Занает Роси го научил од својот татко, а во 1966 почнал да ги продава своите креации во продавници во Болоња, пред да го лансира својот истоимен бренд во 1968 година.
Во 1999 година, брендот Серхио Роси беше продаден на групацијата Гучи, сега познат како Kеринг, еден од најголемите светски модни конгломерати , а потоа, во 2015 од Керинг на Европската инвестициска куќа Инвестиндустриал.
Дизајнерот ги сакал жените и бил способен да ја долови женственоста на единствен начин. Никогаш не претерувал, секогаш имал добар вкус. Чевлите му се секогаш за носење, а не се задоволувал додека не ги доведе до перфекција. Тие за него не биле само моден додаток. Еднаш изјавил дека сака да создаде совршена екстензија на женската нога.
Минатиот месец Роси донирал 100 000 евра во една миланска болница како помош во борбата против коронавирусот.

You must be logged in to post a comment Login