Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Лице

Сите зборуваат за миење на рацете, што се случува со миење на лицето?

Во последно време многу се зборува за миење на рацете. Но сепак, лицето е најмногу изложено на надворешни агенси, така што секогаш кога се миете треба да обрнувате внимание.
Вообичаено правило е дека лицето се мие двапати на ден, но не секој се придржува кон ова правило. Експертите велат дека тоа е во ред, затоа што зависи од вашиот тип на кожа, дали повеќе се потите и слично. Од друга страна, некои одат во крајност – од оние што се мијат „само за посебни прилики“ (да, има такви луѓе), до оние што се мијат 5-6 пати на ден.
Тековната состојба диктира, никогаш да не го прескокнувате миењето. Замислете сценарио на некој заразен со вирус на корона што кива близу вас и ситни капки кои завршуваат на вашето лице – миењето е составен дел на одржување на хигиената.

Луѓето со проблеми со мрсна кожа и акни се советуваат да го мијат лицето три пати на ден во нормални услови кога нема пандемија. Оние со сува кожа – двапати на ден. Сега кога постои ризик од зараза, ако сте останале надвор, кога ги миете рацете, измијте го и лицето. Користете бебешки сапун за да го измиете лицето, затоа што со миење секако го отстранувате површинскиот слој на кожата и дел од природните маснотии што кожата ги произведува за да се заштити. По миењето, заштитете ја кожата со навлажнувач, бидејќи со често миење кожата се суши, поради што настануваат брчки.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement