Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

КУЈНА

Пробајте: Шведски слатки ролнички со цимет и путер

Ако бурекот или симит-погачата се обележје на балканските простори, тогаш овие шведски ролнички со цимет се дефинитивно препознатлив кулинарски симбол на скандинавската кујна.

probajte-svedski-slatki-rolnicki-so-cimet-i-puter-001.jpg

Нивното оригинално име гласи Кanelbullar и одат одлично во комбинација со кафе.

Толку се популарни што имаат и свој посветен ден во шведскиот календар – 4-ти октомври.

Доколку точно го следите рецептот, тој ќе ве трансфомира од надежен во професионален пекар.

probajte-svedski-slatki-rolnicki-so-cimet-i-puter-4.jpg

Изненадете ги домашните и пријателите со овие вкусни ролнички со цимет и уживајте во неодоливата арома на специјалниот додаток, зачинот кардамом.

Потребни состојки:

За тесто:

  • 150g путер
  • 500ml млеко
  • 50g свеж квасец
  • 1 кафена лажичка сол
  • 85g бел шеќер
  • 2 кафени лажички здробено семе од кардамом, по желба  (може да го најдете во подобро снабдени продавници за зачини и здрава храна)
  • 900g бело брашно

За фил:

  • 100g путер на собна температура
  • 85g бел шеќер
  • 3-4 супени лажици мелен цимет

Декорација:

  • 1 матено јајце
  • 3-4 лажици украсен крупен шеќер или сечкани бадеми

Начин на подготовка:

Стопете го путерот во длабок сад и додадете го млекото. Загрејте на температура до 37 степени.

Здробете го квасецот во сад за матење, додадете го млекото и мешајте додека не се растопи квасецот.

Додадете ја солта, шеќерот, здробеното семе од кардамом и скоро целата количина на брашно. Зачувајте малку брашно за подоцна.

Измесете го тестото додека не се изедначи и веќе не се лепи по рабовите на садот за месење. Оставете го тестото да отстои околу 30 минути, покриено со чиста крпа.

Префрлете го тестото на површина посипана со брашно и пресечете го на половина. Направете две долги правоаголни плочки со дебелина од околу 1,5 сантиметри.

Намачкајте го путерот и испрскајте одозгора со шеќер и цимет.

Почнувајќи од подолгата страна, истегнете го тестото и свиткајте го во облик на две ролни. Исечете ја секоја од ролните на парчиња (треба да добиете околу 45-50 ролнички) и ставете ги, свртени со „лицето“ нагоре на хартија за печење. Покријте ги со крпа и оставете ги уште 30 минути за да се крене тестото.

Загрејте ја рерната на 225 степени. Намачкајте ги ролничките со белка од јајце и украсете ги со крупен шеќер и бадемови снегулки.

Печете ги ролничките од 8-10 минути.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Route 66

Ова е целта што инвеститорот според бизнис планот и потпишаниот договор е должен да ја исполни – посочи Деспотовски. Според медиумите од Северна Македонија,...

Fine Living

Распространетиот коњанички имот има замок со осум спални соби и 150-години стара чуварска куќа. Двејн Џонсон се префрли во селата на Џорџија.Ентитет поврзан со...

Route 66

Повикувајќи се на добро информирани извори, Bloomberg објави дека Renault размислува да продаде дел од својот удел во Nissan за да собере неколку милијарди...

Fine Living

Домот на Ема Робертс покажува како да се создаде атмосфера на топлина и релаксација во со детали, бои и материјали.Актерката(и внука на Џулија Робертс)...

Advertisement