Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Коса

4 бои за коса кои одговараат на секаков тен

Постојат само мал број на поужасни работи од тоа да се појавите во фризерски салон опремени со фотографија од тоа како сакате косата да ви изгледа, за подоцна да дознаете дека таа боја нема да ви стои добро.

4-boi-za-kosa-koi-odgovaraat-na-sekakov-ten-01

Затоа, за да ве поштедиме од уште едно големо разочарување, успеавме да најдеме 4 бои кои ѝ одговараат на секоја жена:

1. Чоколадно кафеава

Таа е суптилна боја која прави голема разлика во целокупниот изглед. Особено ако имате црна коса, топлата бринета ќе ѝ даде сјај на вашата кожа. Таа е совршената нијанса на кафеава боја, затоа што не е ни премногу светла, но ни премногу темна.

4-boi-za-kosa-koi-odgovaraat-na-sekakov-ten-002.jpg

4-boi-za-kosa-koi-odgovaraat-na-sekakov-ten-003.jpg

4-boi-za-kosa-koi-odgovaraat-na-sekakov-ten-004.jpg

2. Златни акценти

Постојат многу типови на златни тонови, а тие се особено прекрасни во лето, кога имаме малку потемен тен, бидејќи тие го нагласуваат златното во нашата кожа. Експертите советуваат – ако сте природна русокоса, да пробате да ги осветлите врвовите или некои мали делови од косата за да создадете димензија.

Постојат голем број на нијанси од кои за секого одговара различна – златно-бежовата на пример, е совршена за оние со посветли подтонови во кожата. Или амбер златната е совршена за потемните тенови.

4-boi-za-kosa-koi-odgovaraat-na-sekakov-ten-005.jpg

4-boi-za-kosa-koi-odgovaraat-na-sekakov-ten-006.jpg

4-boi-za-kosa-koi-odgovaraat-na-sekakov-ten-007.jpg

3. Медова нијанса

Медовите нијанси се совршени за боја на косата – одговараат на сите. Бидејќи не е премногу топла, а не е и премногу ладна, таа е како неутрална боја. Таа е одлична база или боја за осветлување и одговара на секаков тен.

Скоро и да нема нешто што не можете да го направите со оваа прекрасна боја. Она што ја прави да биде различна од златната е нејзината длабочна – таа е малку потемна и е побогата.

4-boi-za-kosa-koi-odgovaraat-na-sekakov-ten-008.jpg

4-boi-za-kosa-koi-odgovaraat-na-sekakov-ten-009.jpg

4-boi-za-kosa-koi-odgovaraat-na-sekakov-ten-010.jpg

4. Беж

Знаеме: бежот ви звучи досадно, но не е. Таа е една од ретките бои кои одговараат на сите тонови. А, голем дел од кожата и боите за коса имаат тенденција да бидат на поладната страна од спектарот.

Бежовите тонови не се спротивставуваат на тенот, туку го акцентираат. Ако имате потемен тен, тогаш бојата како путер од кикиритки – слична на онаа од Џордан Дан е апсолутно совршена за вас.

4-boi-za-kosa-koi-odgovaraat-na-sekakov-ten-011.jpg

4-boi-za-kosa-koi-odgovaraat-na-sekakov-ten-012.jpg

4-boi-za-kosa-koi-odgovaraat-na-sekakov-ten-013.jpg

 

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Route 66

Ова е целта што инвеститорот според бизнис планот и потпишаниот договор е должен да ја исполни – посочи Деспотовски. Според медиумите од Северна Македонија,...

Fine Living

Распространетиот коњанички имот има замок со осум спални соби и 150-години стара чуварска куќа. Двејн Џонсон се префрли во селата на Џорџија.Ентитет поврзан со...

Route 66

Повикувајќи се на добро информирани извори, Bloomberg објави дека Renault размислува да продаде дел од својот удел во Nissan за да собере неколку милијарди...

Fine Living

Домот на Ема Робертс покажува како да се создаде атмосфера на топлина и релаксација во со детали, бои и материјали.Актерката(и внука на Џулија Робертс)...

Advertisement