Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Здравје

ПРОБАЈТЕ ГО ОВОЈ ДОМАШЕН СОК ЗА БАКАРЕН ТЕН КАКО НИКОГАШ ДО СЕГА!

Сакате да добиете убава боја на летувањето, но сепак не сакате прекумерно да се изложувате на сонце, за да не ја оштетите кожата?

Решението не е во скапите креми, ниту во вештачките таблети, туку во овошјето и зеленчукот коишто ги имате во домот… Направете го овој домашен сок, пијте го секој ден пред летувањето, а како резултат ќе добиете боја како никогаш претходно!

Бета каротенот е магична состојка којашто ви е неопходна не само за добар тен, туку и за силен имунитет и убав изглед на кожата. Иако често се говори дека бета каротенот е исто што и витаминот А, вистината е дека всушност се работи за провитамин од овој драгоцен витамин.

Со други зборови, се работи за растителен пигмент којшто нашиот организам го претвора во витамин А после консумирањето.

Веројатно сега се прашувате и зошто е сето тоа толку важно, па да ја разрешиме оваа дилема. Бета каротенот ги обновува клетките, ја штити кожата од штетните УВ зраци и чини кожата многу побрзо да ја прими бојата од сонцето. Па, ако редовно консумирате намирници коишто содржат каротени, ќе можете да се сончате само во дозволениот период, а тоа е наутро пред 10 часот и попладне после 18 часот, а дома да се вратите со боја како оние девојки коишто буквално се “пржеле” по цел ден.

Бета каротенот е исклучително важна состојка за нашата кожа во текот на целата година, а тоа особено важи за летниот период. Тој го поттикнува природното потемнување на кожата и зголемувањето на количеството на меланин, пигмент којшто делува како природна заштита од УВ зраците, кои не само што чинат кожата побрзо да старее, туку и го зголемуваат ризикот за појава на карцином на кожата, објаснуваат дерматолозите.

Морковот е секако најдобар извор на бета каротен – на крајот на краиштата, по неа и го добил името, но освен морковот, постојат и доста други овошја и зеленчуци коишто ќе ви помогнат во мисијата – секси тен за само 10 дена.

Тука секако спаѓаат сите оние намирници коишто имаат портокалова и црвена боја, како тиквата, доматот, слаткиот компир, праските и кајсиите. Интересно е дека дури и зелениот лиснат зеленчук исто така содржи бета каротен, којшто е всушност и силен антиоксидант.

Сок за брзо потемнување

Состојки:

● 1 морков
● 1 праска
● 1 кришка свежа тиква или диња
● 1 јаболко

Подготовка:

Едноставно ставете ги сите овие состојки во соковник а по желба може да додадете и други овошки за да добиете подобар вкус. Додадете на крајот и малку лимон поради витаминот Ц и пијте го овој сок секојдневно, наутро пред појадокот.

Овој сок се препорачува да се пие 10 дена пред летувањето, но освен во тој период, треба да се потрудите и во текот на целото лето да консумирате намирници коишто се богати со бета каротен.

Овој рецепт ви гарантира најбрзо и најбезбедно потемнување, но секако не заборавајте – заштитата во вид на крема е секако неопходна.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Route 66

Ова е целта што инвеститорот според бизнис планот и потпишаниот договор е должен да ја исполни – посочи Деспотовски. Според медиумите од Северна Македонија,...

Fine Living

Распространетиот коњанички имот има замок со осум спални соби и 150-години стара чуварска куќа. Двејн Џонсон се префрли во селата на Џорџија.Ентитет поврзан со...

Route 66

Повикувајќи се на добро информирани извори, Bloomberg објави дека Renault размислува да продаде дел од својот удел во Nissan за да собере неколку милијарди...

Fine Living

Домот на Ема Робертс покажува како да се создаде атмосфера на топлина и релаксација во со детали, бои и материјали.Актерката(и внука на Џулија Робертс)...

Advertisement