Материјалот за летниот шешир треба да е лесен и природен. А освен што се шик, шеширите во летиот период имаат и функција да нè заштитат од силното сонце, а обликот и големината на шеширот којшто ќе го ставите на главата треба да бидат во хармонија со обликот на вашето лице, а потоа и со модната комбинација.

Жените со овално лице се вистински среќнички кога се работи за шеширите. Сите модели им прилегаат добро. Па така, тие имаат можност да бидат и повеќе храбри, и може да експериментираат и да пробаат дури и некои помалку необични облици.
За визуелно да го скратиме долгнавестото лице, шеширот со широка стреа е најдобар избор, како на пример панама шеширите. Асиметрични, или оние со цвет, помагаат лицето да не изгледа толку долгнавесто. Ѕвонестите шешири пак се одлични за ваквиот облик на лицето бидејќи нивната стреа го прекрива челото во потполност.

Најдобар модел за ваквото лице е оној којшто е малку издолжен и има стреа со средна големина, а такви се токму каубојските модели или федора шеширите. Исто така федора шеширот со асиметрична стреа дополнително ќе го издолжи округлото лице. Избегнувајте ги меките линии со спуштена стреа, бидејќи така вашето лице ќе изгледа пошироко.
Најдобар модел во овој случај се шеширите со голема стреа. Уште и ако малку го закривите шеширот на едната страна, дополнително ќе ја ублажите потенцираната вилица.
И уште едно убаво и практично нешто во врска со шеширите, е дека кога сте без фризура, секогаш може да го ставите, бидејќи тој и на најобичниот аутфит му дава впечатлива нота.






You must be logged in to post a comment Login