Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

КУЈНА

Идеи за следната скара: Ражничи на 4 начини

Летото е измислено за уживање, а не за губење време во кујна. Токму затоа, следните рецепти ќе ви покажат како да направите брзо, сочно и лесно јадење кое е совршено за овие топли денови.

Najbrziot-rucek-na-svetot-4-vidovi-raznici-koi-kje-vi-gi-razubavat-zeskite-denovi-01

Во лето никој не сака да готви и со часови да стои пред шпоретот, кога температурите и без тоа се навистина високи.

Следните рецепти ќе ви дадат идеја што да подготвите за ручек без да поминете цел ден во кујна:

1. Ражничи од стек

Najbrziot-rucek-na-svetot-4-vidovi-raznici-koi-kje-vi-gi-razubavat-zeskite-denovi-02

Потребни состојки:

  • Стек по вкус исечкан на коцки
  • 1 лажица ким
  • 1 лажица чили
  • 1 лажица лук во прав
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка црн пипер
  • 2 зелени пиперки исечени на коцки
  • 2 црвени пиперки исечени на коцки
  • 1 голема главица кромид
  • 8-10 стапчиња за ражничи

Подготовка:

Загрејте ја скарата, доколку е потребно, можете да користите скара тава. Измешајте ги кимот, чилито, лукот во прав, солта и биберот и на крај додадете го месото.

На стапчињата за ражничи наизменични редете го месото и зеленчукот по вкус. Печете 10-15 минути или додека убаво не потемни.

2. Ражничи од зеленчук

Najbrziot-rucek-na-svetot-4-vidovi-raznici-koi-kje-vi-gi-razubavat-zeskite-denovi-03

Потребни состојки:

  • 250 ml маслиново масло
  • 2 лажици сок од лимон
  • 1 лажица оригано
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка црн пипер
  • 2 тиквички, исечени на прстени
  • 3 чаши печурки по желба
  • 2 средни главици кромид
  • 2 црвени пиперки
  • 2 жолти пиперки
  • 4-5 стапчиња за ражничи

Подготовка:

Измешајте го маслото, сокот од лимон, ориганото, солта и биберот. Зеленчукот измешајте го во смесата, па наредете го на стапчињата и печете додека не добиете светло кафеава боја.

3. Пилешки ражничи

Najbrziot-rucek-na-svetot-4-vidovi-raznici-koi-kje-vi-gi-razubavat-zeskite-denovi-04

Потребни состојки:

  • Пилешки батаци, без коски исечени на коцки
  • 1 чаша соја сос
  • ¾ чаша кафеав шеќер
  • 1 лажица сусам
  • ¼ чаша зелен кромид
  • 1 ананас ситно исечкан
  • 4-5 стапчиња за ражничи

Подготовка:

Измешајте го пилешкото, соја сосот, кафеавиот шеќер, сусамот и зелениот кромид и оставете го да се маринира 2 часа.

Наредете ги намирниците на стапчето по желба и печете 12-18 минути. Ражничите премачкувајте ги со остатокот од маринадата во текот на печењето.

4. Пилешки ражничи со сланина

Najbrziot-rucek-na-svetot-4-vidovi-raznici-koi-kje-vi-gi-razubavat-zeskite-denovi-05

Потребни состојки:

  • Пилешки батаци, без коска исечени на коцки
  • 1 чаша сос за скара
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка црн пипер
  • 4-5 ленти сланина
  • 4-5 стапчиња за ражничи

Подготовка:

Измешајте го пилешко месо со сосот за скара, солта и биберот. Вметнете го едниот крај на сланина на крајот на стапчењто и додадете парче пилешко, па намотајте го со сланина и продолжете понатаму на тој начин до крајот на стапчето.

Стапчиња со ражничи, натопете ги во сосот и печете 12-18 минути.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Route 66

Ова е целта што инвеститорот според бизнис планот и потпишаниот договор е должен да ја исполни – посочи Деспотовски. Според медиумите од Северна Македонија,...

Fine Living

Распространетиот коњанички имот има замок со осум спални соби и 150-години стара чуварска куќа. Двејн Џонсон се префрли во селата на Џорџија.Ентитет поврзан со...

Route 66

Повикувајќи се на добро информирани извори, Bloomberg објави дека Renault размислува да продаде дел од својот удел во Nissan за да собере неколку милијарди...

Fine Living

Домот на Ема Робертс покажува како да се создаде атмосфера на топлина и релаксација во со детали, бои и материјали.Актерката(и внука на Џулија Робертс)...

Advertisement