Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Секс и Врска

Лоша комуникација, недоволна интимност: 5 знаци дека е време за разделба

Раскинувањата се тешки, збогувањата уште потешки, но тоа не значи дека не се правилни. Иако „вазите“ треба да бидат лепени и поправани, некогаш не останува што да залепиме. Затоа, се разделуваме. Во одредени случаи многу е подобро да бидеме сами, отколку несреќни.

losa-komunikacija-nedovolna-intimnost-5-znaci-deka-vreme-e-za-razdelba-01

А ова се знаците кои го покажуваат тоа:

1. Лоша комуникација

На почетокот од врската сѐ тече мазно – не можете да се договорите кој да зборува повеќе. Откривате нешта еден за друг и се запознавате, но по некое време комуникацијата може да спласне, но не смее да изумре. Еден од првите знаци по кој ќе препознаете дека дошол крајот е изостанување или лоша комуникација.


2. Ограничена интимност

Исто како со комуникацијата, така и физичката интимност е навистина интересна на почетокот. Малку експерименти, забава, возбуда… но сето тоа со текот на времето исчезнува. Постојат многу трикови како да ја вратите магијата, но ако ниеден не ви успеал, тоа значи дека не сте еден за друг. Иако сексот не е најважниот дел од врската, тој сепак е исклучително важна компонента.


3. Опции vs. приоритет

Да се биде приоритет е ласкаво чувство и привилегија која реално никој не би сакал да ја изгуби. Се чувствуваме посебно, важно и значајно. Ако почувствувате дека веќе не сте приоритет и дека станувате само една од опциите, тогаш време е за крај.

Секако дека ако се работи за длабока врска дека треба да се обидете да ги поправите работите, но кога ќе видите дека не функционира, најдобро е да се откажете и да ја побарате среќата на друго место.


4. Повеќе сте сами отколку заедно

На почетокот нема нешто што не го правите заедно, но со текот на времето како и сите претходно наведени нешта и ова престанува да биде така. Повеќе сакате да излезете со пријателките или да бидете сами или пак да излезете на пиво со другарите.

Зошто би биле со некој кога веќе не ни сакате да бидете во негова/нејзина близина?


5. Постојано мора да глумите

Отпрво, се дотерувате и се обидувате да се прикажете во најдобро светло, но по некое време вистината излегува на површина. Не само што физички не се трудите, туку и карактерно – се откриваат вашите и мааните на партнерот.

Ако сметате дека не можете да ги прифатите или дека навистина пречат на вашиот однос и дека нема подобрување и покрај бројни разговори, тогаш време е секој да тргне по својот пат. Никогаш не треба да се трудите премногу за некој друг, треба да бидете вие – вашата искрена и единствена верзија. Да бидете личноста покрај која партнерот со задоволство ќе се буди, а и вие покрај него.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Route 66

Ова е целта што инвеститорот според бизнис планот и потпишаниот договор е должен да ја исполни – посочи Деспотовски. Според медиумите од Северна Македонија,...

Fine Living

Распространетиот коњанички имот има замок со осум спални соби и 150-години стара чуварска куќа. Двејн Џонсон се префрли во селата на Џорџија.Ентитет поврзан со...

Route 66

Повикувајќи се на добро информирани извори, Bloomberg објави дека Renault размислува да продаде дел од својот удел во Nissan за да собере неколку милијарди...

Fine Living

Домот на Ема Робертс покажува како да се создаде атмосфера на топлина и релаксација во со детали, бои и материјали.Актерката(и внука на Џулија Робертс)...

Advertisement