Без разлика на тоа што BB и CC кремите никогаш нема да ги заменат течните и камените пудри за комплетно шминкање, истите се идеални за жените кои наутро имаат само 30-на минути на располагање пред да излезат за на работа.

BB крема или „Blemish Balm“ е текстура која ја негува кожата, која помага да прикривање на неправилностите и раните, но што е најважно – го покрива црвенилото.
Ако благодарение на BB кремите исчезнат сите недостатоци на лицето, нема жена која нема да се чувствува убаво, а што е најважно нема да чувствува „тежина“ на лицето.
Практично ќе се чувствувате како воопшто да не сте ставиле шминка на себе, а ќе блескате и ќе изгледате одморено.
Откако се навикнавме на BB кремите, на полиците на козметичките продавници пристигна уште еден производ – понапредната верзија на BB кремите, CC кремите.
Кај некои брендови, кратенката СС означува „complete correction“, а кај некои „color control“.
Првата верзија се однесува на оние препарати кои овозможуваат подобро прикривање, скоро како течните пудри, но се полесни и подобри за лицето.
Втората верзија има повеќе состојки кои ги избелуваат дамките на лицето кои настануваат како резултат на хормонските промени или претераната изложеност на сонце.

You must be logged in to post a comment Login