Шпанија е добро позната по својата уникатна архитектура, убавите крајбрежја и свежата морска храна.
Па ако се одлучите да ја посетите барем еднаш во животот, мала е можноста дека ќе имате можност да уживате во севкупната убавина на оваа медитеранска земја.
За среќа, постојат работи кои дефинитивно имате можност да ги искусите, односно има што да видите и што да пробате.
Ова се дел од тие работи кои ќе ви ја направат посетата на Шпанија неверојатна:
1. Прошетајте се низ мистериозните соби на Алхамбра, тврдината која се наоѓа во Гранада, а датира од времето на маврите.

2. Цела ноќ танцувајте во некој од најпознатите клубови во Ибица.

3. Искачете се на врвот на кулата Гиралда во Севилја за да уживате во прекрасната глетка над градот.

4. Уживајте во белите песочни плажи на крајбрежниот град Коста дел Сол.

5. Испробајте го едно од најпознатите предјадења на Шпанија – Тапас кои се прават од речиси сè.

6. Посетете го музејот на Дали во Фигуерес.

7. Погледнете некој фудбалски натпревар на Реал Мадрид на стадионот Santiago Bernabéu.

8. Подгответе се за едно невообичаено искуство – цели да бидете потопени во домати за време на масивниот фестивал La Tomatina кој секој август се одржува во Бунол.

9. Искачете се на врвот на планината Монтсерат близу Барселона.

10. Прошетајте се низ големиот пазар El Rasto кој се случува секоја недела во Мадрид.

11. Пробајте Паеља – деликатесот на Валенција.

12. Почувствувајте го ритамот на фламенкото во Севилја.

13. Прошетајте се во еден од најголемите паркови на Мадрид, Buen Retiro, каде се наоѓа стаклената градина која била изградена во 1887-та година за да се чуваат растенија од Филипините.

14. За во искуството да внесете малку култура, прошетајте се низ Гугенхајм во Билбао. Самата градба е доволна за воодушевување.

15. Пробајте ја најдобрата шунка во светот. Шпанија произведува различни врсти меѓу кои, jamón ibérico и jamón serrano.

16. Скијајте на снежните падини на Сиера Невада.

17. Пробајте го кафето на плоштадот Plaza Mayor во Мадрид.

18. Погледнете како изгледа Корида во Памплона.

19. Почестете се со свежа морска храна во северо-западните региони на Галиција.

20. Пробајте еден од ролеркоустерите во PortAventura, најголемиот забавен парк во Шпанија.


You must be logged in to post a comment Login