Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

УБАВИНА

Подгответе се за сандали: Едно овошје кое ги лечи испуканите пети

Топлите денови ни пристигнаа, а за жените тоа значи време за отворени чевли и сандали.

Но, тука имаме мал проблем – во текот на зимата веројатно дошло до сушење на кожата на стапалата, што изгледа неубаво и треба да го решите пред да ги облечете омилените сандали.

Ако веднаш помисливте на некоја скапа крема, запрете – ви треба само лимон.

Оваа ефикасна, но помалку позната метода дава подобри резултати од било која глицеринска крема.

Кората на лимонот значајно ја хидрира кожата и го подобрува нејзиниот изглед, а покрај тоа полн е со етерични масла кои ја омекнуваат и обновуваат оштетената кожа.

Покрај лимонот, подгответе пар памучни чорапи и обична хидратантна крема или масло кое го користите за нега на телото.

Лимонот пресечете го на половина и исцедете го сокот, а за негата на петите искористете ја кората и малку од пулпата која останува во неа по цедењето.

Петите ставете ги во корите, облечете чорапи и издржете така барем половина час. Можете и цел час ако сакате.

Ќе забележите дека кожата омекнала, а ако мртвата кожа е видлива, отстранете ја со турпија за пети. Потоа нанесете крема или масло.

За најдобри резултати повторувајте го третманот 2-3 пати неделно и ќе бидете подготвени за цело лето.

 

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Route 66

Ова е целта што инвеститорот според бизнис планот и потпишаниот договор е должен да ја исполни – посочи Деспотовски. Според медиумите од Северна Македонија,...

Fine Living

Распространетиот коњанички имот има замок со осум спални соби и 150-години стара чуварска куќа. Двејн Џонсон се префрли во селата на Џорџија.Ентитет поврзан со...

Route 66

Повикувајќи се на добро информирани извори, Bloomberg објави дека Renault размислува да продаде дел од својот удел во Nissan за да собере неколку милијарди...

Fine Living

Домот на Ема Робертс покажува како да се создаде атмосфера на топлина и релаксација во со детали, бои и материјали.Актерката(и внука на Џулија Робертс)...

Advertisement