Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Фитнес

Најчести заблуди за стомачните мускули

Каде и да се завртите сигурно ќе пронајдете совети, текстови и видеа кои ќе ве доведат до совршените стомачни мускули. Но, зошто ниту еден совет не пали кај вас?

Можеби затоа што сè уште верувате во овие митови и заблуди:

1. Секојдневниот тренинг води до добро дефиниран стомак

Стомачните мускули се како сите останати мускули во телото. И тие си бараат време за да се опорават од напорните вежби. Доволно е да правите интензивни вежби 3 пати во неделата, не претерувајте.


2. Стомачни вежби – најдобри за обликување на стомакот

За абдоменот постојат стотици вежби, со кои за жал многумина не се запознаени, па затоа ги форсираат класичните стомачни вежби. Она што не го знаете е дека тие поинтензивно го тренираат делот кај колковите, отколку мускулите.


3. Упорноста води до добро дефинирани стомачни

Треба да запаметите дека заради вишокот масти, плочките се ретко видливи. Самиот интензитет на вежбите не е доволен. Мастите се отстрануваат со диета и кардио тренинг.

 

najcesti-zabludi-za-stomacnite-muskuli-03.jpg

4. Страничните кривини на стомакот се клучни за добро дефиниран стомак

Ако често форсирате вежби со кои ги напнувате страничните мускули, тие со текот на времето ќе станат посилни и развиени, што може да доведе до спротивен ефект – поширок струк.


5. Големиот број повторувања се неопходни за плочки на стомакот

Вистина е дека ви се потребни дополнителни 8-12 повторувања, но плочки ќе видите само ако го намалите процентот на масти во исхраната, а го зголемите времетраењето на кардио тренингот. Нема потреба од поголемо оптоварување или тежина, само контролирајте ги движењата и интензитетот.


Совет: Намалете со шеќерот и јаглехидратите

Шеќерот може да создаде зависност, така што ќе ви биде потребно подолго време да го истренирате телото и умот. Запаметете дека тој не е добар ниту за вашата кожа, за вашето расположение, а најмалку за добро дефиниран стомак.

Задржете се до зеленчукот, месото, рибата, белките, јаткастите плодови и семките, интегралниот леб, компирот, киноата, овесните снегулки и никогаш нема да имате проблем со висок процент на масти во телото.

najcesti-zabludi-za-stomacnite-muskuli-02.jpg

 

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Route 66

Ова е целта што инвеститорот според бизнис планот и потпишаниот договор е должен да ја исполни – посочи Деспотовски. Според медиумите од Северна Македонија,...

Fine Living

Распространетиот коњанички имот има замок со осум спални соби и 150-години стара чуварска куќа. Двејн Џонсон се префрли во селата на Џорџија.Ентитет поврзан со...

Route 66

Повикувајќи се на добро информирани извори, Bloomberg објави дека Renault размислува да продаде дел од својот удел во Nissan за да собере неколку милијарди...

Fine Living

Домот на Ема Робертс покажува како да се создаде атмосфера на топлина и релаксација во со детали, бои и материјали.Актерката(и внука на Џулија Робертс)...

Advertisement