Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Здравје

Чудна метода која ќе ви помогне да се ослободите од негативните емоции

Една прилично едноставна метода за лечење на потешки психички состојби може да ви помогне да се ослободите од негативните емоции и непријатните сеќавања. Станува збор за движење на очите 25 до 30 пати од лево на десно.

Звучи чудно, но сè поголем број на психолози започнуваат да ја употребуваат оваа техника.

Сите нормални сеќавања мозокот ги обработува така што ги става во контекст, а потоа исчезнуваат. Но, тоа не се случува со лошите спомени. Се сеќаваме, на пример, дека не треба да добираме жешки предмети или да избегнуваме одредени видови храна. Ова се обработени сеќавања.

Но, негативните сеќавања остануваат необработени и повремено се враќаат кога сме будни или во соништата, често со телесен одговор како болка или болест. Наместо да бледнеат, трауматичните сеќавања остануваат живи како од оној момент кога се случиле.


Траумата се чува во мозокот како жива слика со чувства и звук

Кога ќе ви се случи некој стресен настан, постои зголемена активност во делот на мозокот кој ги зачувува спомените поврзани со звук, допир и мирис. Затоа овие сеќавања не бледнеат и експертите тврдат дека влијаат на нашето однесување.

Секој од нас има барем еден пример на такви необработени информации кои „пливаат“ внатре во вашата глава и на кои од време на време се присетувате.

Психологот Франсин Шапиро која ја открила оваа метода, вели дека отприлика 10 до 20 необработени сеќавања има секој од нас во животот. Нејзината метода се базира на ставање на лошите сеќавања на вистинското место.


Како функционира?

Потребно е во моментот кога ќе се сетите на непријатната ситуација, кога ќе испливаат на површина негативните емоции, да ги вртите очите од лево кон десно 25 до 30 пати.

Психолозите веруваат дека ваквото мрдање на очите ни помага да ги обработиме емоциите на ист начин како што го правиме тоа додека спиеме.

Додека спиеме не можеме да се фокусираме на една работа, но додека сме будни можеме да се концентрираме и полесно да го процесираме негативното чувство.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Route 66

Ова е целта што инвеститорот според бизнис планот и потпишаниот договор е должен да ја исполни – посочи Деспотовски. Според медиумите од Северна Македонија,...

Fine Living

Распространетиот коњанички имот има замок со осум спални соби и 150-години стара чуварска куќа. Двејн Џонсон се префрли во селата на Џорџија.Ентитет поврзан со...

Route 66

Повикувајќи се на добро информирани извори, Bloomberg објави дека Renault размислува да продаде дел од својот удел во Nissan за да собере неколку милијарди...

Fine Living

Домот на Ема Робертс покажува како да се создаде атмосфера на топлина и релаксација во со детали, бои и материјали.Актерката(и внука на Џулија Робертс)...

Advertisement