Минимализмот не е нешто што ни доаѓа на ум кога мислиме на сет звучници изработени од злато, кои се декорирани со дијаманти…
Сепак, единственото нешто што можеме да го дадеме како опис на River’s Tone звучниците, кои ги креираше јапонската компанија Anodic Supply,во соработка со Mišiom Sakamotoom. Златната верзија на овие звучници во себе содржи преку 50 килограми злато.
Овој сет од два звучници и еден појачувач на звукот е мал, кога станува збор за димензиите, ное многу моќен кога станува збор за екстремно високиот квалитет на звукот, благодарение на либералната употреба на златото. Како што стои во нивниот официјален опис: ,, Телата направени од чисто злато достигнуваат најниска лонгитудинална еластична густина што како резултат дава неверојатно јасен звук и чист аудио сигнал. ” Овој сет е дизајниран да биде неверојатно елегантен, без споеви, шрафови или пак празнини кои можат да се забележат на нив. Секое од нив е рачно изработен во Јапонија.
Звучницит ево продажба можат да се најдат само со легури од сребро или злато , или пак целосно да се изработени од сребро или злато. Тие имаат прилагодени решетки, декорирани со циркони или дијаманти. Златната верзија содржи 40 картни беспрекорни дијамнти и чини околу 5 милиони евра.
Секако, кога нешто е вака ексклузивно и скпоцено, се прави по нарачка и не може да се најде во продажба.

You must be logged in to post a comment Login