ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
150 гр. смрзнато (микс) црвено овошје (малини, рибизли, јагоди, капини)
130 гр. шеќер
1 лажиче арома ванила
1 лажиче густин
100 мл. слатка павлака
за чоколадирање:
300 гр. бело чоколадо
3 лажици масло
Ставете го овошјето со шеќерот во огноотпорен сад да врие 2-3 мин.
Густинот растворете го со малку вода и додадете го во садот.
Мешајте додека се згусти смесата.
Додадете ја слатката павлака и мешајте на рингла додека се добие густина на не многу цврст пудинг.
Оставете го на страна малку да подолади, а за тоа време чоколадирајте ги силиконските калапчиња со растопеното бело чоколадо и маслото барем 2 пати.
Наполнете ги калапите и затворете со стопеното чоколадо одозгора.

You must be logged in to post a comment Login