ПОТРЕБНИ СОСОТОЈКИ:
Основа-пире:
500 гр. варени компири (без лушпа)
1 лажица мешан сув зачин
80 гр.маргарин
1 дел:
3 полни лажици пире
5 лажици мелен, посен, солен кекс
6 лажици потпечен сусуам
2 дел:
3 полни лажици пире
4 лажици мелени смокви
2 лажици , мелени, солени, печени кикирики
1 лажица црвен пипер
Оваа бајадера од компир е одлична како солено ладно предјадење, декоративна за посни слави или разни други пригоди.
1. Компирите се лупат, се варат и се цедат. Додека се топли се пасираат со вилушка, се додава мешаниот сув зачин и маргаринот, а потоа со миксира да се добие мазно пире.
2. Сусамот се потпекува, се лади, посниот солен кекс се мели и овие состојки се мешаат со 3 лажици од основата односно пирето. Смесата рамномерно се распоредува во калап за бајадера обложена со алуминиумска фолија.
3. Смоките и солените пржени кикиритки се мелат одделно, се додаваат на вторите 3 лажици од пирето заедно со црвениот пипер и куркумата. Се меша сето убаво и се распоредува врз првиот дел.
4. Калапот се става во ладилник за да се стегне но не да замрзне, доволно за да може да се отстрани фолијата. Се сечат парчиња дебели 1,5 см. и со метален готварски шприц на секое парче солена бајадера се нанесува од жолтиот дел од пирето кое остана.

You must be logged in to post a comment Login