Доколку сакате да имате стабилна и среќна љубовна врска, потребно е да поработите на тоа. Добрите врски се должат на тоа што и двете личности многу добро знаат што е потребно да сторат за да создадат функционална врска.
Доколку ви е потребна помош на ова поле, можеби ќе ви помогнат следниве неколку совети.
1. Комуникацијата е клучот
Комуникацијата е основата на секоја врска. Нешто ви пречи, сакате да кажете што ви е важно, сметате дека треба да разговарате за некој проблем? Никогаш немојте да ги криете работите од партнерот/партнерката доколку сакате да имате стабилна врска. Никој не може да ви ги чита мислите и потребно е да разговарате еден со друг, на тој начин многу побрзо ќе се запознаете и ќе можете да поработите на проблемите. Најлошата варијанта е да премолчувате сè – немојте да се залажувате, работите нема да минат сами од себе, само ќе натрупате гнев во себе.
2. Сите прават грешки, помирете се со тоа навреме
Доколку сте вие одраз на совршенство, тогаш имате потполно право да го барате истото во некој друг. Но, бидејќи не постои совршена личност, потребно е да разберете дека луѓето прават грешки, некогаш избрзуваат, кажуваат работи што не ги мислат. Мора да сфатите дека со ова се соочува секој и треба да научите да ги проценувате ситуациите подобро, а не површно да судите. Научете да простувате доколку сакате долготрајна врска, бидејќи и вашиот партнер/партнерка ве толерира за одредени работи. Не е дека само вие се жртвувате.
3. Треба да создадете пријателство
Партнерот/партнерката треба да биде вашата карпа, односно најдобриот пријател. Што значи тоа? Дека не треба да постојат тајни и дека треба да ги споделувате работите еден со друг. Тоа е знак на доверба и врз таа основа можете да изградите навистина цврста врска.

4. Почитување на туѓите потреби и желби
Секој човек има различни потреби – некои од нив нема да ви се допаднат и можеби ќе мислите дека се глупави, но ќе треба да ги прифатите. Потребата да се има време за себе, излегувањето со пријателите, борбата за реализација на одреден сон и многу други работи се нешта за кои во врската треба да се има безрезервна поддршка.
5. Добриот сексуален живот е важен
Сексот е важен за една врска. Доколку работите не функционираат на ова поле и не поработите на нив, работите може да станат фрустрирачки. Тука е важна комуникацијата – не се плашете да бидете искрени доколку мислите дека треба да го подобрите квалитетот на сексуалниот живот.

You must be logged in to post a comment Login