Директно од модните метрополи ни стигаат пролетни фризури ко можат да Ви ја разубават сезоната пролет/лето 2016.
![]()
Доколку сакате Вашата коса да ја соберете, да направите некоја интресна фризура ние Ви нудиме неколку идеи. Можете да ја соберете косата во пунџа или пак да го соберете само горниот дел на косата и ќе добиете изглед кој е идеален за преку ден, како и за вечерните излегувања.
![]()
Плетенките и понатаму остануваат да бидат дел од модата. Можете да направите круна од плетенки, која е забавна и заводлива, а познатите дами ја обожаваат оваа фризура.
![]()
Косата собрана во реп е повторно во мода. Едноставно е , ефективно и можете да ја разделите косата од било која страна.
![]()
Доколку сакате драматични промени, време е за шишки! Доколку веќе имате шишки , можете да ги направите виткани, доколку тоа не сте го направиле досега, на кој треба да се посвети посебно внимание бидејќи тоа е тренд кој одамна не сме го виделе.

You must be logged in to post a comment Login