Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Коса

ОВА СЕ НАЈДОБРИТЕ ДОМАШНИ МАСКИ ЗА СУВА КОСА

Сувата, оштетена и фарбана коса бараат навистина посебна нега, па ако готовите маски за коса сепак не ви делуваат доволно хранливо, секогаш може да се одлучите за некоја од домашните “смеси”.

Овие маски се прават од состојки кои веќе веројатно ги имате во вашиот дом, не бараат многу труд, а жените ширум светот тврдат дека имаат одлично делување.

Маска од путер

Ова е една навистина едноставна маска, а ќе ви биде потребна само една состојка – путер. Маснотиите кои ги содржи овој млечен производ ќе направат вашата коса да изгледа многу поздраво, посјајно и поцврсто. Едноставно, нанесете мало количество путер по целата должина на косата, прекријте ја косата со капа за туширање или пластична фолија и оставете да делува барем половина час. Потоа, исперете ја косата како и секогаш и ставете од вашиот омилен кондиционер.

Маслиново масло

За хидратација на косата, маслиновото масло е веројатно една од најдобрите состојки. Токму затоа тоа е составен дел на многу готови маски и шампони, но секако, во многу мали количества. Ако сакате значајно да ја негувате вашата коса, само загрејте малку маслиново масло, но не оставајте го да проврие. Топлото масло ставете го на косата, прекријте со фолија и оставете го да делува околу 45 минути, а потоа исперете ја косата како што тоа го правите и вообичаено.

Испирање со чај

За оштетената коса повторно да го добие својот стар сјај, обидете се да ја исплакнете со чај. После миењето на косата, едноставно прелијте свежо сварен и разладен чај. Сепак, имајте предвид дека чајот може да влијае на бојата на вашата коса, па за блондинките најсоодветен би бил чајот од камилица, а за бринетите црниот чај.

Маска од јаболков оцет

Вратете ја живоста на сувата и оштетена коса со овој едноставен домашен лек. Промешајте една лажица јаболков оцет, две лажици маслиново масло и три белки. Состојките добро изматете ги, па мешавината нанесете ја по целата должина на косата. Потоа, косата прекријте ја со пластична фолија и исплакнете после барем еден час.

Пробајте и други масла

Маслиновото масло е навистина одлично, но секако не треба да се плашите да експериментирате и со други масла. Некои можеби нема да ви се допадне како делуваат, но секако не можат ниту да и наштетат на вашата коса. Во продавниците за здрава храна може да пронајдете масло од јојоба, сладок бадем и кокос, а сите три важат за исклучително одлични природни лекови за оштетената коса. Пред нанесувањето на овие ботанички масла, косата благо намокрете ја. Откако ќе го нанесете маслото, покријте ја косата и оставете да делува 30 минути.

Маска од авокадо

Иако авокадото не е намирница која често се наоѓа во македонските домаќинства, можете многу лесно да ја снабдите во било која од поголемите продавници. За оваа маска, која важи за една од најпопуларните во светот, ќе ви биде потребно едно зрело авокадо. Едноставно, испасирајте го со вилушка или ставете го во блендер и добро сомелете, а потоа нанесете го на косата. Оставете го да делува 40 минути, а потоа исплакнете како и вообичаено.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Фудбалската суперѕвезда Кристијано Роналдо и неговата свршеница Џорџина Родригез се во врска девет години, и се чини дека дојде време славниот пар да застане...

Green Tea

Лиснатите зеленило се одличен начин за подобрување на вашето здравје бидејќи содржат многу клучни хранливи материи, витамини,минерали и антиоксиданси,поради што нутриционистите препорачуваат да ги...

Wall Street

87. коло од Лото 7 израдува еден среќен добитник, кој ја освои премијата од играта на среќа Џокер, во вредност од 3.152.640 денари. Уплатата...

____celebrity

Риалити ѕвездата Ким Кардашијан го подигна трендот „гол фустан“ на следно ниво позирајќи за фотографии во целосно проѕирен фустан од чипка. 45-годишната актерка сподели...

Advertisement