
Доколку го барате г-дин Сивршен, тогаш бидете сигурни дека ќе бакнете неколку жаби, додека не го пронајдете прицот.
Во тој случај убаво е да знаете дека всушност постојат неколку типови на мажи кои никогаш нема да се оженат за вас, без разлика колку уверливо да звучат кога ви кажуваат како вие сте идеална за сопруга. Тоа се едноставно мажи кои никогаш нема да бидат подготвени да го превземат овој сериозен чекор.
Затоа ве советуваме да ги избегнувате мажите со следните карактеристики:
- Г-дин “Не сум подготвен за сериозна врска”
Ова е можеби најчестиот тип, кој никогаш нема да падне на едно колено и да ви предложи брак. Овој маж ја сака сериската моногамија, започнува врска, а кога работите стануваат сериозни ја прекинува врската и не долго после тоа започнува нова. Овој човек едносставно не е подготвен да се врзе, па затоа нема смисла да се обидувате да го промените. Ќе изгледате очајна и ќе изгубите многу енергија која може да ја искористите на друго место.
- Г-дин “Не сум ја заборавил бившата”
Ова е дефинитивно тип на маж кој треба да се избегнува поради самиот факт што сеуште е заљубен во бившата девојка. Овој човек има потреба од време за да го излечи скршеното срце, затоа бидете сигурни дека предлог за брак е последно нешто што му доаѓа на памет. Тој нема да биде подготвен да се ожени со вас, освен ако не го направи за онает на бившата.
- Г-дин “Премногу сум фокусиран на кариера”
Овој човек сеуште се обидува да постигне многу нешта во кариерата и е фокусиран главно на се она што е поврзано со работата. Тој никогаш нема да има доволно време за вас. Тоа се мажи кои размислуваат за создавање семејство, дури откако ке достигнат одредено ниво во нивната кариера.

You must be logged in to post a comment Login