Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

МАМА

Како да го храните вашето бебе

Карактеристики на правилната исхрана

Карактеристики на правилната исхрана се:

–        интегрални житарици и нивни производи

–        полномасни, ферментирани и пробиотски производи

–        мешункаст зеленчук

–        свеж, домашен сезонски зеленчук

–        свежо сезонско овошје

–        лесно сварливи видови на месо

–        свежи зачински билки

–        зачини – ладно цедено сончегледово масло, маслиново масло, јаболков оцет, лимон, мед и др.

–        доволна количина на течности

–        добро избалансирана и комбинирана исхрана

–        естетски добро осмислена храна

 

Садови и прибор

Садовите и приборот за подготовка на храна мораат да бидат изработени од квалитетни материјали, за храната да го задржи својот состав, боја, мирис и вкус. Мораат добро да спроведуваат топлина за што побрзо да се постигне температурата, потребна за обработка на производите и да се скрати времето за обработка на истите.

Се препорачуваат огноотпорни, садови од порцелан и садови од инокс.

 

Пред употреба на садови изработени од тефлон внимавајте истите да не бидат оштетени, бидејќи оштетениот тефлон во допир со прехранбените производи произведува материи штетни по здравјето.

 

Подготовка на продуктите

Предност треба да се даде на варена и храна подготвена на пареа, а пржењето да се применува најретко. Не е добро во еден оброк да се послужат повеќе пржени производи: ако еден производ е пржен, останатите треба да бидат варени или сирови.

Печење на храната треба да се применува во зимскиот период, бидејќи тогаш на организмот му е потребна појака храна. Храната треба да се печи без, или со минимум мрснотија во фолија, или печење во сопствените сокови со додавање на вода.

Готвење на месото

Кога се подготвува, месото е добро да се стави во вода која врие. Така протеините ќе се насоберат во мускулните влакна и заедно со останатите хранливи соединенија ќе останат во месото. Ако месото се готви ставено во ладна вода, таа вода треба да се употреби за истото јадење, а не да се исфрла.

 

Готвење на зеленчукот

Се препорачува зеленчукот да се готви во веќе зовриена вода, за подобро да се сочуваат нутритивните вредности (витамини, минерали, влакна и останато). Зеленчукот треба да се готви така што да остане малку жилав, односно да се внимава да не се превари.

 

Готвење на житарки и мешункасти производи

–        јачменот и гравот треба да се остават една ноќ во вода, пред да се готват. Доколку постои можност ваквите тврди производи е најдобро да се готват во експрес лонец, заради скратување на времето за готвење.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Life Story

Сè повеќе луѓе ја воведуваат оваа навика пред ручек. Високиот холестерол доведува до натрупување на плаки во крвните садови, што може да доведе до...

Green Tea

Ако се сеќавате на трендот „Моќта на шминката“ кој беше исклучително популарен пред една деценија, тогаш не ни треба многу убедување за трансформативната моќ...

Green Tea

Антибиотската терапија е неопходна за уништување на бактерии и бактериски инфекции, но додека се прави тоа може да предизвика колатерална штета во дигестивниот тракт....

Advertisement