Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____совети и како да

Како да ја чувате козметиката за да ви трае подолго

Козметичките препарати за нега на лице и тело имаат пократок рок на траење од декоративната козметика и треба да ги искористите најмногу шест месеци по отворањето. Меѓутоа, треба да знаете како правилно се чуваат за да не се расипат пред време.

КРЕМИ:

1. Барајте кутивчиња или шишенца со дозер за да не мора кремата да ја вадите со прстите. Бројни микроорганизми од раката би се пренеле и би ја загадиле кремата доколку ја земаме со прсти. Доколку кремата нема дозер, користете апликатор или чепкалка за уши.

2. Не ја фрлајте заштитната фолија кога ја отворате кремата, бидејќи со тоа ќе и го скратите времетраењето.

3. Козметиката немојте никако да ја чувате во бањата, особено доколку е на база на природни состојки.

4. Препаратите чувајте ги на суво, ладно и темно место.

5. Ако сакате кремата да ви трае што подолго, чувајте ја во фрижидер.

6. Фрлете го препаратот кога ќе ја промени бојата, мирисот или структурата.

ШМИНКА:

1. Најбрзо се расипува маскарата, затоа менувајте ја на четири или шест месеци.

2. Секогаш читајте го рокот на траење впишан на пакувањето.

3. Сенките и моливите за очи, кармините и сјаевите за усни обично траат до две години.

4. Камените пудри и руменила траат една до две години, во зависност од квалитетот на производот.

5. Ако сте употребиле шминка на која и е поминат рокот може да настанат алергиски реакции, црвенило или дерматитис. За среќа овие реакции се моментални и не се сериозна закана за здравјето.

СОВЕТ ПЛУС: Со правилно користење и чување на козметиката ќе заштедите пари кои би можеле да ги вложите во купување поскапи и поквалитетни препарати.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Wall Street

Во време кога спортот сè повеќе се препознава како моќна алатка за позитивна општествена трансформација, со значајно влијание врз младите генерации, се појавува потреба...

____celebrity

Никол Кидман и Кит Урбан имале сериозни брачни тешкотии, но би се помириле доколку тој им го предложи тоа, тврди извор близок до актерката....

Green Tea

На многумина им е тешко да одолеат кога станува збор за консумирање шеќер, но овие знаци треба да бидат аларм за да престанете Прекумерното...

Green Tea

Црниот дроб е најголемиот внатрешен орган во нашето тело и игра клучна улога во одржувањето на здравјето. Тој извршува стотици важни функции, од филтрирање...

Advertisement