Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

МАМА

7 Совети да не го разгалите вашето дете

Љубовта кон детето нема граници, но ако не сакате премногу да го разгалите тогаш морате да поставите некои основни правила.

Со помош на овие 7 совети, односно чекори ќе умеете да го препознаете лошото однесување и уште од самиот почеток да го коригирате:

1. Поставете јасни, едноставни граници

Ако не оставите простор за размислување, ќе ја  избегнете кавгата која следува понатаму. На пример, ако му кажете на детето дека може да добие колач, оставате простор да се надева дека ќе може да добие уште еден после првиот. Но, ако наместо тоа му кажете дека може да добие еден колач, подоцна нема да ви побара друг.


2. Држете се до границите без разлика на сѐ

Ако му кажавте на детето дека може да добие еден колач, а потоа размислувате дали тоа беше добра одлука, тогаш гледајте долгорочно на ситуацијата. Можеби било во ред да добие уште еден колач, но запрашајте се дали сакате секој пат да бидете во дилема, а тоа ќе се случи ако не се држите до границите.


3. Не попуштајте

Просто правило: ако еднаш му попуштите на детето кога ќе ве моли, тогаш го учите дека така може лесно да помине и да добие сѐ.


4. Детето нека ве убеди дека му треба дозвола

Ако детето сака нешто за кое вие не сте сигурни, побарајте да ве убеди дека му треба ваша дозвола. На пример, ако сака да гледа телевизија, најпрво нека си даде обврска на себе да ги тргне играчките или да поспие, а потоа да му дозволите да ја гледа омилената емисија.


5. Прво обврски, а потоа игра

Дури и ако станува збор за едноставни обврски како средување на играчките или чистење на нередот, детето мора да научи прво да ги исполни обврските, а потоа да си игра.


6. Не се плашете од разочарување

Никој не сака да го гледа своето дете тажно, но тоа не може секој пат да добие што сака. Детето мора да научи да прифати разочарување, а така и многу полесно ќе се соочи со емоционалните стресови кои понатаму низ животот го чекаат.


7. Учете го да го заработи тоа што сака да го добие

Ако детето лесно го добива тоа што го сака, тогаш сѐ ќе зема здраво за готово. Ако сака нова играчка, направете систем преку кој малку по малку детето ќе го добие тоа што го сака.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Green Tea

Темните кругови можат да нè направат да изгледаме уморни дури и кога сме се наспале добро. Тие исчезнуваат веднаш штом ќе го ставите ова...

Green Tea

Многу рецепти за колачи наложуваат додавање на јајцата едно по едно. Професионалната слаткарка Кристина Лавали за списанието Southern Living објаснува дека ова не е...

____celebrity

Тејлор Свифт пристигна на 60-тото доделување на наградите на Здружението за кантри музика (CMA) во Нешвил, облечена во светложолт фустан без прерамки, со долго...

Green Tea

Дознајте како да го заштитите од студот и правилно да се грижите за него во текот на зимата. Поинсетијата е еден од најубавите украси...

Advertisement