Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

совети

Најтешкиот избор: семејство – кариера

За што сте мечтаеле? Да имате скапо платена работа, маж кој ќе се грижи за вас или да печалите пари кои не можете да ги потрошите, за да ве ценат, за да сте независни?

Успехот за една жена е вистински неуспех за друга. Тој има многу непријатно лице, ако не гледа во вас. А кога сепак ќе го сретнете, со ужас разбирате, дека нешто друго сте изгубиле. Денес имам работа, имам пари, можам да отидам каде ќе посакам, пријателките ми велат дека сум успешна и слободна жена, сигурно така изгледам од страна. Само во последно време разбирам дека тоа не ми е доволно, зошто јас “успешната“ сум за Велигден сама. Празниците се најужасниот момент кога ќе дојде времето за пресметки. Тогаш се појавува мојата благодарна завист кон оние со семејство, кон оние што пеат со своите деца под елката, моите пријатели кои мислат дека се неуспешни, моите пријатели кои се гордеат со мојот успех. Кариерата е прекрасно нешто, но во креветот не може да те стопли. Тие не ни помислуваат дека точно тој дел од нивниот живот е мојот личен неуспех. Сега би дала се да го шетам за раче моето неродено дете, да му славам роденден, да се скарам со сопругот кој го немам…Не сакам да слушам колку напорен може да биде бракот. Успехот е неоходен за среќата, но тој не може да ви ја донесе, зошто среќата се создава од малите на прв поглед нешта, тие немаат ништо заедничко со тоа, светот да е во твоите нозе. Подобро е да има со кого да го споделите празникот, да имате некој кој ве сака, не затоа што си успешна, а затоа што добро кажуваш вицеви. Понекогаш тоа се најголемите, најтешките и најслатките успеси!

Верувајте! Успехот е релативна работа и има многу различни лица! И секогаш има висока цена…цена што мислам не вреди да се плати!

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Сите зборуваат за романсата помеѓу русокосата актерка и познатиот актер. Во последните денови, сите зборуваат за љубовната врска помеѓу Памела Андерсон (58) и Том...

Fashion

Ева Лонгорија повторно беше една од главните ѕвезди на гламурозната вечер. Ева Лонгорија повторно беше една од главните ѕвезди на гламурозната вечер во Кан,...

____celebrity

Борбата на Брус Вилис со деменцијата ја тресе јавноста со години. Борбата на Брус Вилис со деменцијата со години го потресува неговото семејство и...

Green Tea

Витаминот Д игра клучна улога во одржувањето на здравјето на коските, зајакнувањето на имунитетот и правилното функционирање на телото. Витаминот Д е еден од...

Advertisement