Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

МАМА

Како да се носите со сознанието дека не можете да имате деца

Неплодноста може да биде еден од најголемите предизвици со кои што се соочуваат паровите. Иако е во прашање огромен емотивен проблем, за врската е многу добро да останете среќни. Погледнете како да се соочите со неплодноста.

Немојте да се критикувате себе

Изгасете го она мало гласче во главата кое што постојано ви зборува што сте можеле и не сте можеле да направите. Негативните мисли можат да ве турнат во депресија. Не сте вие виновни и затоа престанете да се критикувате.

Одговарајте пристојно на непријатни прашања

Некогаш може да се случи дури и најдобронамерните пријатели да постават погрешно прашање во погрешно време. Наместо да се нервирате, одговорете зрело и смирено.

Забавувајте се во пар

Кога ќе дознаат дека нема да можат да имаат деца, многу парови започнуваат да се оддалечуваат што е многу погрешно. Обидете се да изградите мост до партнерот. Завцрстете ја врската, правејќи работи што не би можеле да ги правите доколку имате деца.

Земете ги во предвид сите можности

Доколку немате деца, слободни сте да правите што и да посакате. Можете да земете одмор кога вам ви одговара и да го пропатувате светот без грижи. Размислете што ве интересира и оријентирајте се кон тоа.

Станете старател

Стeрилитетот може да биде вознемирувачки проблем, но не мора да значи дека ќе останете без деца. Постојат многу начини да одгледувате. Обидете се со вештачко оплодување, посвојување или станете старател.

Разговарајте со паровите кои имаат сличен проблем

Може да се случи луѓето во вашето окружување да изгледаат безчувствително, бидејќи не ги разбираат вашите грижи. Доколлку запознаете парови со сличен проблем разговарајте со нив, сфатете дека не сте единствени и  постои начин како да се изборите со кризата.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Life Story

Сè повеќе луѓе ја воведуваат оваа навика пред ручек. Високиот холестерол доведува до натрупување на плаки во крвните садови, што може да доведе до...

Green Tea

Ако се сеќавате на трендот „Моќта на шминката“ кој беше исклучително популарен пред една деценија, тогаш не ни треба многу убедување за трансформативната моќ...

Green Tea

Антибиотската терапија е неопходна за уништување на бактерии и бактериски инфекции, но додека се прави тоа може да предизвика колатерална штета во дигестивниот тракт....

Advertisement