Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

МАМА

Влијанието на возрасните врз развојот на говорот на децата

Тоа често се случува кога немаме моќ, идеи за активности и кога ни треба мир.

Под притисок од животните обврски дури и несвесно, по патот на најмал отпор дозволуваме детското одморалиште да биде телевизија, компјутери … Лесно и без контрола ги препуштаме децата пред мал екран , бидејќи имаме добар изговор – ние знаеме дека се таму , веднаш до нас.

Воспитување воопшто не е лесно. Пред се , родителите се одговорни за организирањето на слободното време на своите деца. Од влијанието на возрасните на децата зависи кako ќе бидат организирани  во текот од денот, до кој степен да се користи ТВ , компјутерски игри… Возрасните и другите лица одговорни за развојот и растот , несвесно го насочуваат детето кон она што како содржина не е за деца ( агресивни карикатури, непристојни и агресивен напад на реклами, трагични вести , застрашувачки слики, несоодветни игри).

Децата изложени на такви влијанија се идентификуваат со херои, го имитираат однесувањето , имаат несоодветен говор …

Обемната и интензивна изложеност на јак звук и светлечки ефекти , брзината на  менување на настаните, деца често не доаѓаат  до суштината на приказната.

Како да се дојде до суштината на приказната , како да учиме од другите примери за тоа како да се организира времето и да го најдеме вистинскиот баланс за нашите деца?

Многу е важна квалитетната присутност до своите деца, вклучувајќи заедничко гледање на телевизиски емисии и дискутирање за пораката на виденото. Кога сме заедно пред ТВ екранот, можаме да дознаме како детето ги разбира нештата, а и да пробудиме, потикнеме и стимулираме  нов интерес во одредени теми , на пр. за далечните предели, за античките историски периоди, како изгледаат некои експерименти , како се работи во подморница , во рудникот … Бидејќи поради сите позитивни и негативни искуства со ТВ , или компјутерот, вистински предизвик за родителите и возрасните во животната средина на детето, е да се утврди вистинската рамнотежа , и децата да добиваат дозирано ТВ програма, како и поминато време на компјутер.

Рецептот е во постојан разговор со децата, учење за селективно гледање телевизија.

Kids Playing Violent Video Games

Не е доволно само да им се ограничи времето пред ТВ екранот, но и учење за организирање на времето, да се развијат навики на активно поминување на слободното време и да им се помогне на децата да научат да играат. Се поставува прашањето дали воопшто децата под три години треба да гледаат телевизија. На оваа возраст, најважна е комуникацијата на децата и возрасните и воспоставување на односи на доверба и разбирање. Децата на рана возраст само вокализираат , гугаат, го учат својот јазик  од возрасните кои ги повторуваат нивното гугање , брборења, зборови.

Ако изостане овој дел на комуникација со нашите деца, шансите се дека детето ќе има тешкотии со говорот и подоцна со читање и пишување. Разгледувањето на сликовници со животни, овошје, превозните средства … и заедничкото читање е поважна од било кој ТВ шоу.

Homework Series

Многу е важно кој модел им го наметнуваме на нашите деца. Да го ​​избираат ТВ-то во текот на целиот ден или ТВ за нив е синоним за одмор, информации , учење … Од возрасните зависи како детето во рана возраст ќе го користи овој уред и на некој начин да се развие детска субкултура.

Интересен е фактот дека поголемиот дел од децата што поаѓаат во прво одделение не знаат да  врзуваат врвки на своите чевли, но користат компјутер и гледаат телевизија повеќе од два часа дневно .

Ова не е информација за детските способности, но за влијанието на возрасните во нивната животна средина.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Life Story

Сè повеќе луѓе ја воведуваат оваа навика пред ручек. Високиот холестерол доведува до натрупување на плаки во крвните садови, што може да доведе до...

Green Tea

Ако се сеќавате на трендот „Моќта на шминката“ кој беше исклучително популарен пред една деценија, тогаш не ни треба многу убедување за трансформативната моќ...

Green Tea

Антибиотската терапија е неопходна за уништување на бактерии и бактериски инфекции, но додека се прави тоа може да предизвика колатерална штета во дигестивниот тракт....

Advertisement