Не е невообичаено познатите личности да изнајмуваат фустани од познати креатори за врвни настани, но тоа не е случај и со Гвинет Полтроу. 43-годишната актерка за „People Style“ откри дека од носталгија ги чува сите свои дизајнерски фустани, со идеја да и ги предаде во наследство на ќерка си, Епл Мартин.
Во нејзината богата колекција се и сите 23 фустани од Оскарите, меѓу кои и познатиот розев фустан од Ралф Лорен со кој актериката го прими Оскарот за најдобра женска улога во 1999 година, за филмот „Вљубениот Шекспир“.
Полтроу дури вели дека Епл би можела да го носи тој фустан на матурската вечер, но дека нема да и дозволи да го преправа. Кој не би му завидувал на ова 11-годишно девојче на таквата колекција.

You must be logged in to post a comment Login