Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

музика

Хитот на „ONE DIRECTION“ е посветен на Тејлор Свифт?

Пејачката Тејлор Свифт и членот на групата „One Direction“, Хери Стајлс, беа во врска во 2013 година која се чинеше дека ќе трае засекогаш, но тие сепак се разделија, а Тејлор подоцна напиша неколку песни за кои јавноста сметаше дека се однесуваат токму на нив („I knew you were trouble“, „Style“). Се чини дека Хери конечно решил да ѝ одговори на прашањата во песните.

 

Последните неколку седмици американските медиуми шират гласини дека една песна на „One Direction“ е посветена на Тејлор Свифт. Станува збор за хитот „Perfect“. Како потврда на тоа послужува текстот на песната кој, ако внимателно го слушате, во некои делови навистина потсетува на Тејлор Свифт или на нејзината врска со Хери. Неколку такви примери има во рефренот каде што се вели:

 

„… If you like causing trouble up in hotel rooms

and if you like having secret little rendezvous …“.

 

Според претходно спомнатите пишувања, овие зборови наведуваат на сликите од Тејлор и Хери, влегувајќи или напуштајќи ги хотелите низ Америка и пошироко, или пак на нивните „тајни“ прошетки кои се разоткриваа благодарение на папараците. Најочигледно дека песната е посветена на Свифт станува при крајот, во делот:

 

„… If you are looking for someone to

write your brake-up songs about …“

 

Тејлор Свифт ја сметаат за кралица на „Brake-up“ песните кои ги има во голем број, посветени на најразлични момчиња, а еден од нив е и Хери. Сепак, песната содржи и некои „стапици“ кои што нѐ наведуваат да мислиме дека не е посветена на пејачката бидејќи кажува и спротивни работи од вистинските случувања. Во еден од почетните стихови се вели:

 

„… I might never be the one

you take home to mother …“

 

Имено, додека беа во врска, Хери се запозна со госпоѓата Свифт, а папараците го овековечија тој момент поради што Хери има алиби дека оваа песна не е напишана за Тејлор. Од друга страна кога беше гостин во шоуто на Џејмс Кордан, Хери на директоното прашање „За кого е оваа песна? “ одбра да одговори со насмевка, која во случајов објаснува сè.

tejlor svift so heri stajls

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Познатата пејачка Ријана откри нова тетоважа која ја „дизајнирале“ нејзините деца. Тетоважата се наоѓа на нејзината нога, веднаш зад коленото, и се состои од...

Green Tea

Општото верување е дека можете да кажете кога сте во добра врска бидејќи речиси никогаш не го споменувате тоа. И веројатно има вистина во...

Green Tea

Ако имате висок крвен притисок, еве што треба да знаете за витаминот Д. Додатоците на витамин Д може да помогнат во намалувањето на крвниот...

____celebrity

Откриена е тајната на култната фотографија на Мерилин Монро. Легендарната сцена од филмот „Седум години верност“, во која ветерот од метрото во Њујорк го...

Advertisement