Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

МАМА

Дали сте бремени? 8 рани знаци дека чекате бебе

Се прашувате дали сте бремени? Раните знаци на бременост варираат од жена до жена, но овие ги има скоро секоја трудница на почетокот на деветмесечното патување.

1. Болни гради

Ако градите ви се необично натечени и болни, а се сомневате на бременост, тоа би можело да биде еден од првите знаци. Хормоналните промени предизвикуваат засилена циркулација бидејќи ткивото на градите се менува и се спрема за доење. Промената на градите можете најрано да ја почувствувате  во четвртата недела на бременост, а до породувањето можете да очекувате дека ќе се зголемат една до две големини.

2.  Утринска мачнина

Утринската мачнина воопшто и не мора да биде утринска, туку може да се појави во било кој период на денот или ноќта. Може да ви сметаат некои мириси и вкусови кои претходно не ви сметале. Најчесто мачнината завршува во првите 12 недели од бременоста, но на некои жени им е мачно во текот на целата бременост. Ако мачнините се зачестени консултирајте се со лекар.

3. Замор

Ако одеднаш се почувствувате неверојатно уморни, можеби сте бремени. Тоа најчесто е еден од првите симптоми на бременост и најтежок е во првото тромесечие. Откако ќе блеснете во второто тромесечие, заморот најверојатно ќе се врати во третото тромесечие.

4. Глад

Мачнината и чувството на глад на почетокот на бременоста често одат заедно. Кога не ви е мачно, веројатно сте гладни и имате желба за некој продукт до таа мерка што со него сте станале опседнати. Во ред е да задоволите некои свои желби во бременоста но внимавајте да не претерате, а сепак да јадете одмерено. Во текот на бременоста не треба да се јаде двојно повеќе од претходно, туку да се внесуваат 300 калории дневно повеќе од вообичаеното и тоа повеќето немасни белковини.

5.Зачестено мокрење

Поради тоа што матката се шири и го притиска мочниот меур, мокрењето е се позачестено. Овој знак на бременост ќе се задржи во текот на целата бременост.

6. Промена на расположението

Често менувате расположение? Токму сега на партнерот сте му се заканиле со прекин бидејќи ви го сменил ТВ програмот? Немате причина за грижа. Промените на расположението се нормален знак на бременост предизвикан со многу разбранувани хормони. Секоја жена хормоналните промени во бременоста го доживува поинаку. Можеби ќе имате промени во расположението, ќе ви биде нелагодно, или ќе блескате од среќа како никогаш дотогаш.

7. Изостанок на месечен циклус?

 Изостанокот на месечниот циклус е најчест знак кога жените се сомневаат дека се бремени. Меѓутоа, тоа може да биде и лажна појава бидејќи некои жени немаат редовен циклус или не ги бележат деновите на циклусот. Од друга страна, можете да приметите некои од знаците и пред да ви изостане циклусот.

8. Тест за бременост

За крај ја оставаме најсигурната метода со која конечно ќе дознаете дали сте бремени. Тестовите за бременост денеска се доста точни, но ако навистина сакате да бидете сигурни, можете да се тестирате и со двата теста. Ако првиот е негативен, обидете се по 3 дена. Потоа, ако сте бремени, јавете се кај вашиот гинеколог за понатамошни напатствија.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Life Story

Сè повеќе луѓе ја воведуваат оваа навика пред ручек. Високиот холестерол доведува до натрупување на плаки во крвните садови, што може да доведе до...

Green Tea

Ако се сеќавате на трендот „Моќта на шминката“ кој беше исклучително популарен пред една деценија, тогаш не ни треба многу убедување за трансформативната моќ...

Green Tea

Антибиотската терапија е неопходна за уништување на бактерии и бактериски инфекции, но додека се прави тоа може да предизвика колатерална штета во дигестивниот тракт....

Advertisement