Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____совети за врска

Провери дали тој навистина те сака?

Љубовта е едноставна, но луѓето односно мажите ја прават комплицирана со тоа што се срамат да искажат емоции, страв им е да се препуштат, не сакаат да заплачат, не сакаат да се извинуваат кога грешат, не кажуваат „Те сакам”…

Листата е бесконечна за разлика од отвореноста на девојките која секогаш им се наплаќа со повредени емоции, изневерена доверба и скршено срце.

Секако, постојат исклучоци од двата пола кои си поминуваат баш обратно, момците се едноставни, а девојките комплицирани.

Но, бидејќи момците се тие кои најчесто се комплицирани, време е да им се поедностави на девојките кога ТОЈ што е со нив навистина ги сака, почитува и цени, а кога ги гледа само како играчки.

Тој те сака навистина ако го искажува тоа, во спротивно не те сака доволно или воопшто.

Тој те сака навистина ако ти кажува дека си убава без шминка, без деколте и без мини здолниште со разбушавена коса наутро.

– Тој те сака навистина доколку ти дава слобода, но сепак секогаш е тука да ти го чува грбот.

– Тој те сака навистина доколку не ти забранува апсолутно ништо.

– Тој те сака навистина доколку планира иднина со тебе.

– Тој те сака навистина ако не се срами да те запознае со своето семејство и пријатели.

– Тој те сака навистина ако сексот со тебе го гледа како водење на љубов.

– Тој те сака навистина ако не се срами да те фати за рака или да те бакне во јавност.

– Тој те сака навистина ако постојано те прегрнува.

– Тој те сака навистина ако се грижи дали си безбедна секогаш.

– Тој те сака навистина ако му недостасуваш и ако ти каже дека му недостасуваш.

– Тој те сака навистина доколку те поддржува во сè што сакаш да направиш во животот.

– Тој те сака навистина ако те прифаќа таква каква што си.

– Тој те сака навистина ако чувствува дека ти си таа вистинската за него и ти го признава тоа без трошка срам.

– Тој те сака навистина ако очите му сјаат додека те гледа, а ти знаеш дека тоа е навистина така бидејќи таквиот сјај се препознава на километри.

– Тој те сака навистина ако не те остава во тешките мигови, туку останува тука прегрнувајќи те додека не ти олесне.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Green Tea

Темните кругови можат да нè направат да изгледаме уморни дури и кога сме се наспале добро. Тие исчезнуваат веднаш штом ќе го ставите ова...

Green Tea

Многу рецепти за колачи наложуваат додавање на јајцата едно по едно. Професионалната слаткарка Кристина Лавали за списанието Southern Living објаснува дека ова не е...

____celebrity

Тејлор Свифт пристигна на 60-тото доделување на наградите на Здружението за кантри музика (CMA) во Нешвил, облечена во светложолт фустан без прерамки, со долго...

Green Tea

Дознајте како да го заштитите од студот и правилно да се грижите за него во текот на зимата. Поинсетијата е еден од најубавите украси...

Advertisement