Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

финансии

На кој начин до покачување на плата?

Каде и да се свртите слушате само за економската криза и дека никој нема пари. Не сте задоволни со вашата плата, но и поради кризата не ви паѓа на памет да побарате заслужено покачување. Доколку вашите обврски ги завршувате совесно и ја знаете вашата вредност во компанијата, време е тоа да го почувствувате и на сметката.

Побарајте покачување

Подгответе убедлива документација која ќе му докаже на вашиот работодавач како сте заштедиле пари во компанијата или сте придонеле за приход. Ова ќе му покаже на шефот дека сте значајна карика во работата и дека е важно да бидете наградени и покрај лошата економска ситуација.

Зголемете ја вашата вредност

Важно е секогаш да бидете спремни за учење на нови нешта. Одете на тренинзи и едукација,  посетувајте курсеви. Постојат многу професионални програми кои се беслатни, а ќе ви помогнат да стекнете нови вештини. Работодавачот ќе го цени тоа, а нема да има потреба од вработување на некој друг заради нешто што никој друг не знае да го работи. Вие ќе можете да го работите тоа.

Бидете креативни

Доколку не можете да добиете покачување од економски причини, а знаете дека заслужувате, бидете креативни и побарајте некои други бенефиции, како користење на службено возило.

Понуда која не се одбива

Добро размислете за целите на компанијата во која работите. Што е тоа што можете вие да го направите за таа цел да се оствари? Вашите професионални цели не би требало многу да се разликуваат од целите на компанијата во која сте вработени, доколку работата ја извршувате со љубов. Направете договор во кој добивате и вие и компанијата.

Дадете си самите покачување

Ова е чекор за кој би тербало малку подобро да размислите и системски да делувате. Доколку компанијата во која сте вработени е погодена од економската криза, а работодавачот не сака да ве награди за работата, размислете за промена на работното место или преместување во друг сроден сектор во кој гледате подобра перспектива. Ова е уште една причина поради која треба постојано да се усовршувате и да стекнувате нови знаења кои не се тенко поврзани со она што во моментот го работите.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement