Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Секс и Врска

10 знаци дека имате секс со погрешна личност

Една од најубавите работи, покрај љубовта, која го спојува секој пар дефинитивно е сексот. Ретко која врска може да успее ако тој е незадоволувачки.

Но, има врски во кои жените и мажите не знаат да препознаат дека имаат лош секс.

Ова се 10-те главни предупредувања дека имате секс со погрешен човек:

1. Повеќе фантазирате за други, отколку за партнерот/партнерката. Сосема е нормално ако се случува понекогаш и не треба да се грижите или да си го преиспитувате моралот, но во моментот кога веќе ќе престанете да фантазирате за него/неа, време е за аларм.

2. Не ве привлекува доволно. Потребна е сексуална енергија и ментален предизвик и тука нема никаков компромис.

3. Добивате грозни коментари на сметка на вашето тело. Омаловажувањето е дефинитивен знак за нарушен однос. Ако тоа се пренесува и во кревет, време е да размислите.

4. Се плашите да кажете што сакате, а што не. Уживањето не треба да доаѓа во наводници.

5. Едвај чекате да заврши процесот. Сосема нормално е желбата да ви варира, но ако често ги броите секундите и минутите, зошто останувате во ист кревет?

6. Се чувствувате чудно или тажно по сексот. Освен што треба да ви го задоволи апетитот, сексот треба да ве направи посреќни и позадоволни, не спротивното.

7. Одбива да користи било каква заштита. Без разлика дали се работи за презервативи, пилули или нешто сосема трето, ако не се согласувате на оваа тема, бегајте што подалеку.

8. Не ви одговара неговиот/нејзиниот допир. Ако наместо да се ежите, чувствувате непријатност, оваа несвесна реакција на телото може да е добар предзнак.

9. Не ве почитува доволно. Без разлика дали сте во врска или сте само „пријатели со привилегии“, ова е задолжително.

10. Сексот е досаден. Зарем ви треба уште некоја причина?

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement