Потребни состојки:
- 3 јајца
- 2 дл млеко
- 2 дл кисела вода
- 1 лажичка сол
- 1 лажичка шеќер
- 3 лажички зејтин
- Брашно по потреба
- 1 прашок за пециво
Чекор 1
Изматете ги јајцата со жица во длабок сад, по ред додавајте ги прво течните состојки – млекото, киселата вода и на крај брашното. Смесата треба да биде густа како за смеса за палачинки, но не прегуста која тешко може да се меша.
Чекор 2
Во поголем и подлабок сад за печење ставете зејтин или маст, со лажица сипајте од смесата во загреаниот зејтин . Уштипците печете ги од двете страни додека не добијат убава златна боја.
Екстра совет: Извадете ги на чинија на која претходно имате поставено хартија која ќе ја впиее дополнителната маснотија.

You must be logged in to post a comment Login