Ви се тресат нозете, ве обвива ладна пот. Влегувате во новата чудна зграда полна нови звуци, мириси и нови лица. Пулсот ви оди до небо, а сепак сте насмеани и подготвени за новата работа.
Како му беше името? Како се вика девојкава? Што треба да правам? Дали веќе треба да ги знам сите овие работи? Кого треба да импресионирам?
Започнувањето со нова работа е исто како првиот ден на училиште. Непознатото искомбинирано со стресот и желбата да задоволите некого знае да биде навистина исцрпувачко… а премногу стрес може да ве попречи да се сконцентрирате на работата.
Што можете да направите?
Во никој случај не можете да знаете се за вашата нова работа. Затоа, бидете смирени и фокусирајте се. Размислувајте позитивно, а смиреноста е најдобар начин да учите ефективно и да уживате во својата нова работа. Па, како можете да го минимализирате стресот?
Релаксирајте се
Дајте си одмор. Вие не треба да знаете се или секој во својата нова работа. Замислете колку тоа би ги нервирало луѓето кои веќе подолго време работат таму. Можеби имате познавање, но вие сте таму за да научите повеќе. Релаксирајте се и прашувајте за се што ви е потребно и за се што ве интересира. Не правете ја оваа грешка:
Замки за нововработените
Вие не можете апсолутно и целосно да контролирате што другите мислат за вас, но можете да влијаете на импресијата која ја оставате. Истражувањата покажале дека новите ликови во групата кои даваат предлози премногу рано можат да предизвикаат лоша повратна реакција кај веќе створената група. Вашите идеи и предлози можеби се супер, но не иритирајте ги своите колеги. Дадете си себе си и на своите колеги време да се навикнете едни на други, а потоа „поправајте ги” работите во компанијата.
Непознатото наскоро ќе стане познато
Имајте на ум дека се што сега ви се чини непознато, нема да биде исто за една недела, месец или година. Еден начин да се дефинира човечката интелигенција е вештината непознатото да го направи познато за кратко време.
Очекувајте го најдоброто
Ако очекувате да се случи нешто лошо, само може да се демотивирате. Не поставувајте си ги овие „што ако”:
„Што ако не можам да го направам тоа што го бараат од мене?”
„Што ако не им се допаѓам?”
„Што ако изгледам глупаво?”
Не навлегувајте толку длабоко во себе и не поставувајте си безброј прашања. Наместо тоа, релаксирајте се и откријте што ќе се случи. Или ако веќе сакате да ја предвидувате иднината, предвидете го најдоброто. Замислете ги сите убави нешта.
Запомнете: секој мора да започне од некаде.

You must be logged in to post a comment Login