Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

ДИ ДЕЈ

Докажано кои се најдобрите години за венчавка

И нормално, ако во тие години застанете на лудиот камен, најмали се шансите за развод.

Со години ни се чини дека е подобро да се венчаме подоцна, но најсвежите податоци од американскиот универзитетот во Јута  укажуваат на тоа дека оние кои ќе влезат во брак по 32 година од животот се склони на поголема опасност да се разведат, за разлика од паровите кои се венчаат во доцните дваесетти.

Кои се тогаш идеалните години за стапување во брак со најмала шанса за развод? Меѓу 25 и 32 години, а во таа пресметка во предвид се земени друштвените и демографски фактори како секс, раса, структура на семејството, религија, сексуално минато и големина на просторот во кој живеат луѓето.

„ За речиси секој, доцните 20-ти се најдобрите години за стапување во брак“, истакнува Николас Х. Волфингер, раководител на истражувањето.

Тој нуди и објаснување зошто на луѓето кои се венчаат во средината на триесеттите им е тешко да останат во брак. Вели дека оние кои ја чекаат средината на 30-те можеби немаат предиспозиции за брак, најмногу поради тешкотиите со воспоставување на меѓучовечки односи и нефлексибилноста, па затоа тука се појавува тој ризик.

Покрај тоа, истакнува дека некои луѓе во триесеттите се чувствуваат сосема добро и како самостојни, па оттука им одговара да живеат во вонбрачна заедница. Според него, некои луѓе до толку многу се навикнуваат на самостојниот живот што доколку некогаш се одлучат да му дадат шанса на бракот, не би се покажале како транспарентни брачни партнери.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

ајната на витката фигура на Џенифер Лопез лежи во неколку едноставни состојки. Поранешниот личен готвач на Џенифер Лопез откри како изгледа исхраната на познатата...

Green Tea

Ако ви се чини дека страста во врската малку се смирилa и рутината преовладала, можеби е време за мал пресврт. Добри вести? Не ви...

Green Tea

Кожата на деколтето е меѓу првите што покажува знаци на стареење. Кожата на вашето деколте, слично како и на вратот и рацете, е позната...

Green Tea

Доколку имате проблеми со варењето, најдобро е да вклучите повеќе од овој зеленчук во вашата исхрана. Многумина ќе бидат изненадени, бидејќи е познато дека...

Advertisement