Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Секс и Врска

Како да дознаете дали навистина ве посакува

Момчите и не се толку суптилни во своите намери. Кога станува збор за додворување поголем дел од нив имаат три добро извежбани потези. Сепак, девојки често се прашуваат „дали навистина му се допаѓам“? Ако имате симпатија и сакате да дознаете дали навистина ве посакува, без да го прашате, или да ја пратите вашата најдобра пријателка да дознае, следете го говорот на неговото тело и неговите гестови и ќе до добиете одговорот на ова прашање. 

Се смее на вашите шеги

Да, вие сте духовити, но признајте си, не вистински комичар. Ако тој се смее на секоја глупост која ќе ја треснете, веројатно е затрескан во вас.

Заинтересиран е за вашите активности

Освен ако не сака да биде со вас, нема шанси да го интересира зошто сте го избришале вашиот Facebook профил пред некое време, и зошто повторно сте го активирале.

Суптилно ве допира по грбот

Некои луѓе природно покажуваат повеќе физичка блискост од други, но доколку ве допира за долниот дел од грбот дефинитивно е заинтересиран за вас. Ова е потврдена работа.

Ви купува пијачки

Ова е повик на „парење“ на 21виот век. Веројатно бил и во 20тиот и во 19тиот век, и во целиот период кога постои алкохолот и можноста да се купи пијачка на некоја девојка.

Ви го нуди неговото палто кога ви е ладно

Ова е еден од оние фини, џентменски потези.

Ви праќа пораки доцна во ноќта

Дури и ако во порака нема ништо интимно, никој не е буден во 3 по полноќ, прашувајќи се како ви поминал денот.

Се обидува да најде филм што ќе ви се допаѓа на двајцата

… затоа што сите знаеме што се случува кога „се гледа“ филм.

Сака да се гушка 

Кај него дома е малку ладно навечер, а тој има само едно ќебе. Можеби двајцата можете да се покриете со исто ќебе, ако седнете доволно блиску? А што ќе се случува после…

Му се допаѓаат вашите слики на Инстаграм

Па, не баш сите, но дефинитивно оние на кои го има вашето лице.

Ги коментира малите промени кои ќе ги направите кај себе

Ако забележува дека сте го смениле маникирот, тоа е како Мајкл Џордан да дал 38 коша во 1997, за време на натпревар кога имал грип.

Му го фаќате погледот кога седи на другиот крај на просторијата

Ова може да биде слатко, или помалку морничаво. Во секој случај го имате неговото внимание.

Пробува да се направи фраер пред вас

Во сосема обичен разговор се обидува да спомне што повеќе од неговите достигнувања. Очигледно сака да ви се допадне!

Ви кажува „ми се допаѓаш“

Да, понекогаш машките се многу директни, и тоа треба да се цени.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Green Tea

Иако често зборуваме за здравјето на срцето или дигестивното здравје, метаболичкото здравје сè уште звучи како апстрактен концепт за многумина. Ендокринологот д-р Чхаја Макија...

Green Tea

Високите температури можат да го уништат дури и најдобро нашминканото лице. Сепак, со неколку едноставни трикови, можно е шминката да остане свежа и трајна...

Wall Street

Според најновите гласини, компанијата Apple започнала со развој на паметен прстен. Се шпекулира дека ќе се вика iRing, но Apple би можел да избере...

Green Tea

Промените не се само физички – тие влијаат и на расположението, стресот и самодовербата. Период без сексуален однос не е невообичаен за многу луѓе...

Advertisement