Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

КУЈНА

Вкусни мини пици

Пицата е омилено јадење на повеќето деца, а и на возрасни. Денес ви претставуваме еден рецепт за мини пици, кои сигурно ќе ви се допаднат и че станат дел од вашите омилени јадења.

Потребни состојки:

300 г шунка

1 кг брашно

1 супена лажица сол

1 супена лажица шеќер

1 коцка свеж квасец

200 мл масло за готвење

250 мл меко

250 мл вода

300 г кашкавал

200 г доматно пире

Во длабок сад на оган ставете ги млекото и водата заедно да се стоплат. Во друг длабок сад, ставете 1 кг брашно, 1 лажица сол, 1 лажица шеќер, 200 мл масло за готвење и квасецот кој претходно сте го растопиле во малку млако млеко.

Замесете тесто и оставете го да стаса 20 минути. Потоа земете од тестото и расукајте кора со дебелина од половина сантиметар. Сечете кругови со чаша. Половина од круговите сечете ги на средина со помала чаша  Наредете ги во тепсија.

На средина ставете доматно пире, потоа шунка и на крај кашкавал. Печете ги мини пиците во загреана рерна на 200 степени околу 30-40 минути.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement