Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

МАМА

Кога никнуваат млечните заби?

Пред да се роди детето, корените на забите веќе постојат во неговите непца. На тие места веќе по неколку месеци ќе се појават и неговите први млечни заби. Ви претставуваме временски приказ на никнувањето на млечните заби. Имајте на ум дека секое дете е индивидуално па таков е и развојот на неговите заби. Интересно е дека кај девојчињата порано им растат забите од машките. Кај некои забите се појавуваат и порано, кај некои подоцна, ова е само просечна временска рамка.

Од 4 до 10 месеци –  Почнуваат да никнуваат првите заби. Непцата на децета изгледаат отечени и црвени пред да никнат забите. Ќе знаете по нервозата кај детето и ќе биде склоно да ги трие со некои покрути предмети.

Од 6 до 10 месеци –  Веќе никнува првиот заб. Прво најчесто никнуваат долните заби, единиците.

Од 8 до 12 месеци – Се појавуваат и горните заби, исто така единиците.

Од 10 до 16 месеци –  Никнуваат другите два заба доле, двојките.

Од 13 до 18 месеци – Никнуваат четворките , горе и доле во исто време.

Од 16 – 22 месеци – Истовремено почнуваат да се појавуваат горе и доле тројките.

Од 23 до 33 месеци – Се појавуваат и последните заби, петките, обично прво се долните па горните.

Со 3 години на вашето дете би требало да ги има сите 20 млечни заби. Ако некои заби сеуште не се појавиле, разговарајте за таа ситуација со стоматологот на вашето дете при редовна посета, на секои шест месеци.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

ајната на витката фигура на Џенифер Лопез лежи во неколку едноставни состојки. Поранешниот личен готвач на Џенифер Лопез откри како изгледа исхраната на познатата...

Green Tea

Ако ви се чини дека страста во врската малку се смирилa и рутината преовладала, можеби е време за мал пресврт. Добри вести? Не ви...

Green Tea

Кожата на деколтето е меѓу првите што покажува знаци на стареење. Кожата на вашето деколте, слично како и на вратот и рацете, е позната...

Green Tea

Доколку имате проблеми со варењето, најдобро е да вклучите повеќе од овој зеленчук во вашата исхрана. Многумина ќе бидат изненадени, бидејќи е познато дека...

Advertisement