Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

МАМА

8 Начини да го поттикнете развојот на интелигенцијата кај децата

Некои експерти велат дека интелигенцијата е вродена и е невозможно да се влијае врз неа, но има и такви кои веруваат дека таа е променлива и може да се зголеми, секако со помош од родителите.

Преку овие 8 едноставни начини можат значително да се подобрат интелектуалните и когнитивните функции кај децата:

1. Вежби со дишење

Еден од најефикасните начини за стимулација на менталните процеси е контролираното дишење. Научете го вашето дете да дише на следниов начин: вдишувањето да трае 5 секунди, потоа издишувањето уште 5 секунди. Процесот нека се повторува 6 пати, а да трае 1 минута.


2. Ментална гимнастика

Игрите го стимулираат мозокот, особено оние за чие решавање е потребна стратегија. Такви игри се шах, игри со зборови, табла и слично.


3. Зајакнување на самодовербата

Одличен начин да се изгради самодоверба е да се размислува за позитивни и практични теми. Научете го детето да мисли позитивно и да верува дека штом учело напорно ќе добие висока оценка или слично.


4. Музика и ритам

Детето не мора да е надарено за музика, а музиката и ритамот мораат да бидат дел од неговиот свет. Музиката ја зголемува креативноста, која пак е корисна за развојот на вашето дете.


5. Вербална интеракција

Вклучувајте го детето во разговорите, бидејќи само така ќе си ги подобри вербалните вештини и ќе си го збогати вокабуларот. Разговарајте за неговите пријатели во училиште, интересите, некои патувања и таквата интеракција ќе му помогне на детето да ја зајакне социјалната интелигенција.


6. Читање

Читањето ја подобрува меморијата и го шири вокабуларот. Научете го детето од мало да чита редовно и да биде концентрирано на тоа што го чита.


7. Активно тело за активен ум

Запишете го детето на некој омилен спорт или танц, бидејќи физичката активност позитивно влијае на креативноста, го стимулира мозокот и процесот на учење. Децата кои се физички активни имаат подобри резултати на училиште.


8. Правилна исхрана

За развој на интелигенцијата е важно и внесувањето на хранливи материи. Најважно е децата редовно да консумираат овошје, јајца, риби, житарки и друга храна која е богата со витамини и минерали.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

ајната на витката фигура на Џенифер Лопез лежи во неколку едноставни состојки. Поранешниот личен готвач на Џенифер Лопез откри како изгледа исхраната на познатата...

Green Tea

Ако ви се чини дека страста во врската малку се смирилa и рутината преовладала, можеби е време за мал пресврт. Добри вести? Не ви...

Green Tea

Кожата на деколтето е меѓу првите што покажува знаци на стареење. Кожата на вашето деколте, слично како и на вратот и рацете, е позната...

Green Tea

Доколку имате проблеми со варењето, најдобро е да вклучите повеќе од овој зеленчук во вашата исхрана. Многумина ќе бидат изненадени, бидејќи е познато дека...

Advertisement