Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

МАМА

Влијанието на недоволниот сон на плодноста и бебиниот развој во стомакот

Осум часови сон во потполно замрачена просторија е најдобриот избор за квалитетен сон и одмор на организмот

Знаеме дека квалитетен  и доволен сон е потребен како би можеле нормално да фукционираме во секојдневниот живот, но знаете ли дека недостатокот на сон може значајно да влијае и на вашата плодност?

Ова е доста важен податок за сите жени кои пробуваат да забременат. Освен најчестите проблеми при забременување – преголемата изложеност на стрес – и недоволниот сон може да го отежни појавувањето на плусчето на тестот.

Доктор Расел Џ. Рајтер со својот истражувачки тим на Универзитетот за Здравје на Тексас направиле истражување за улогата на мелатонин и циркадијаните ритами, на влијанието за успешна репродукција кај жените. Резултатите објавени во списанието Плодност и Стерилитет сугерираат како жените кои сакаат да забременат, а исто и бремените жени треба да избегнуваат ноќно светло.

Осум часа сон во потполно замрачена просторија е најдобар избор за квалитетен сон и одмор на организмот. Ноќнотот светло, колку и да е слабо, дури и кога ви се чини дека не го попречува сонот, значајно го намалува нивото на создавање на мелатонин кај жените. Освен што со тоа се отежнува забременувањето, трудниците исто не можат да им обезбедат на своите бебиња во стомакот доволно количина на мелатонин кој е важен за развојот на детето.

Светло-темните циклуси би требало да се поклопуваат со траењето на денот и ноќта, како не би го збуниле вашиот биолошки часовник. Мелатонинот се излачува од хипофизата како одговор на темнината и доста е важен бидејќи ги штити јајце клетките на жените кои сакаат да забременат од оксидативниот стрес и има силни заштитни својства со кои ги штити јајце клетките во текот на овулацијата.

Ако не можете да заспиете без блага светлина, докторите советуваат да одберете доста слабо жолто светло или црвено светло кое нема да го вознемирува циркадијниот ритам како што тоа го прави белата или плавата светлина во текот на ноќниот одмор.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement