Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Здравје

Смирете ги нервите со помош на овие едноминутни вежби

Дали некогаш сте забележале дека по напорниот ден ви е полесно да легнете и да земете длабок здив? Тоа ви помага да се опуштите, но не можете секогаш така да земете длабок воздух – некогаш вашиот стомак е преполн со храна, некогаш носите тесни панталони, а некогаш едноставно сте премногу напнати. Сепак, кога и да сте во можност, може да се опуштите на следните неколку начини:

Вежба за дишење со стомак

  1. чекор: Пробајте длабоко да вдишете и издишете на нос. На тој начин го прочистувате, загревате и го навлажнувате воздухот.
  2. чекор: Легнете и наместете се во положба во која се чувствувате удобно. Полека почнете да ги опуштате мускулите на нозете, колковите, стомакот, градите, рацете и вратот.
  3. чекор: Насочете го вниманието на вашето дишење и опуштање. Кога ќе се опуштите, вдишете и дозволете вашиот стомак да се подигне, а потоа полека издишете и дозволете да ви се вовлече стомакот.

Применувајте ја оваа вежба два пати дневно (секој пат по околу 10 вдишувања) во текот на неделата или повеќе. Практикувајте секој пат кога мислите дека ви е потребно.

Бенефиции од длабокото дишење

Дишењето на овој начин ви помага подобро да се фокусирате и да ги прочистите вашиот ум и тело. Исто така, може да го намали крвниот притисок, бројо на отчукувања на срцето и брзината на дишењето, што помага за подобар проток на оксидирана крв низ телото, а го ослободува и стресот.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Сите зборуваат за романсата помеѓу русокосата актерка и познатиот актер. Во последните денови, сите зборуваат за љубовната врска помеѓу Памела Андерсон (58) и Том...

Fashion

Ева Лонгорија повторно беше една од главните ѕвезди на гламурозната вечер. Ева Лонгорија повторно беше една од главните ѕвезди на гламурозната вечер во Кан,...

____celebrity

Борбата на Брус Вилис со деменцијата ја тресе јавноста со години. Борбата на Брус Вилис со деменцијата со години го потресува неговото семејство и...

Green Tea

Витаминот Д игра клучна улога во одржувањето на здравјето на коските, зајакнувањето на имунитетот и правилното функционирање на телото. Витаминот Д е еден од...

Advertisement