Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Фитнес

Со јаже до совршена фигура: За половина час изгубете 370 калории

Прескокнувањето со јаже е еден од најдобрите начини за да се ослободите од вишокот килограми. Оваа едноставна опрема ќе ви овозможи интензивен тренинг со кој ќе го обликувате целото тело и од кој ќе имате многу придобивки. Само за 30 минути вежби со јаже може да изгубите 370 калории.

Прв чекор

Купете јаже кое одговара на вашата тежина и висина. Застанете на средина на јажето, а рачките истегнете ги кон рамената. Ако дршките не ви стигнуваат до пазувите, значи дека ви е кратко.

Втор чекор

Најдете вежби кои ви одговараат. Не е важно дали скокате со едната или со двете нозе, вежбата мора да ви биде згодна за да го одржите правилниот ритам. Скокањето на трева ќе ви го намали притисокот на колената.

Трет чекор

Почнете да скокате 1 до 2 минути, а потоа направете кратка пауза. Прескокнувањето јаже е интензивна вежба, па можно по 60 секунди да се изморите и да останете без здив. Кога ќе се случи тоа, направете пауза од 10 до 15, па продолжете со тренингот.

Четврти чекор

Секој втор ден вежбајте една минута подолго. Целта е да стигнете до 15 минути и таквиот тренинг да го правите двапати на ден.

Совет

Пред да почнете да вежбате со јаже, купете си и соодветна опрема. Одберете си облека која нема да ви пречи. Кратките маици се во ред, но широки маици со качулка може лесно да го попречат движењето на јажето.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Сите зборуваат за романсата помеѓу русокосата актерка и познатиот актер. Во последните денови, сите зборуваат за љубовната врска помеѓу Памела Андерсон (58) и Том...

Fashion

Ева Лонгорија повторно беше една од главните ѕвезди на гламурозната вечер. Ева Лонгорија повторно беше една од главните ѕвезди на гламурозната вечер во Кан,...

____celebrity

Борбата на Брус Вилис со деменцијата ја тресе јавноста со години. Борбата на Брус Вилис со деменцијата со години го потресува неговото семејство и...

Green Tea

Витаминот Д игра клучна улога во одржувањето на здравјето на коските, зајакнувањето на имунитетот и правилното функционирање на телото. Витаминот Д е еден од...

Advertisement