Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

МАМА

Што ве чека во бременоста?

Сте слушнале за стриите, за потечените нозе и утринското гадење, ама тоа е само еден дел од она што ве очекува во наредните 9 месеци.

Секако дека не ве чекаат само лоши работи. Многу од нив ќе исчезнат, меѓутоа некои од нив ќе бидат со вас за време на целата бременост.

  • Ќе мора да му кажете збогум на убавиот папок, бидејќи како што стомакот ќе се растегнува, така и папокот ќе се поместува, така што има голема можност во последните неколку месеци да излезе нанадвор.
  • За време на бременоста доаѓа до зачестено мокрење и незапирлива желба тоа да го правите многу почесто, отколку вообичаено.
  • Оганот во градите, предизвикан од киселините во желудникот, ќе се јавува повремено – и не е баш пријатен. Најчесто ќе се појавува кога ќе си легнете после обилен оброк.
  • Сакале или не, вашиот стомак ќе стане магнет за стотици раце, сите ќе сакаат да се поздрават со нероденото бебенце пред да дојде на овој свет.
  • Како што ќе ви расте стомакот, така малку по малку ќе губите рамнотежа, а во осмиот и деветтиот месец тоа ќе биде поизразено.
  • Пецкање и чешање ќе се јавуваат на кожата на стомакот, бидејќи тој се растегнува. Не се чешајте, туку веднаш, кога ќе ги почувствувате ставете лосион што ќе ја зголеми влажноста и еластичноста на кожата.
  • Промените на расположението се нормални. Во еден момент сте пресреќни, а во следниот сте тажни. Научете како да се справувате со тоа и надевајте се дека вашиот сопруг и вашите најмили ќе имаат разбирање за тоа.
  • Вените се прошируваат поради поголемото количество на крв кое минува низ нив. Тука пресудна улога има факторот на наследност, но постојат и неколку решенија. Можете да користите одредени гелови што ќе ви ги препорача вашиот доктор или да носите специјални чорапи против проширени вени.
  • Бричењето ке ви стане вистински проблем во овој период. Добро е што влакната многу побавно растат во овој период, бидејќи наведнувањето за да ги избричите се претвара во вистинска олимписка дисциплина.
  • Килограмите и гладот ќе ве следат верно насекаде, меѓутоа, запамтете дека поради вашето бебе сепак треба дополнително да внесувате уште 300 грама повеќе хранливи материи во текот на денот.
  • Девет месеци ќе имате зголемено чувство за мирис, па затоа избегнувајте јаки и непријатни мириси и парфеми.
  • Без оглед какви предизвици ќе ви донесе вашата бременост, имајте на ум дека тоа е само мала „жртва“ за вашето малечко кое ќе го сакате најмногу од сè на светов. Кога ќе поминат тие 9 месеци, ќе заборавите за час низ што сè сте требале да поминете и ќе уживате во мајчинството.
Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

ајната на витката фигура на Џенифер Лопез лежи во неколку едноставни состојки. Поранешниот личен готвач на Џенифер Лопез откри како изгледа исхраната на познатата...

Green Tea

Ако ви се чини дека страста во врската малку се смирилa и рутината преовладала, можеби е време за мал пресврт. Добри вести? Не ви...

Green Tea

Кожата на деколтето е меѓу првите што покажува знаци на стареење. Кожата на вашето деколте, слично како и на вратот и рацете, е позната...

Green Tea

Доколку имате проблеми со варењето, најдобро е да вклучите повеќе од овој зеленчук во вашата исхрана. Многумина ќе бидат изненадени, бидејќи е познато дека...

Advertisement