Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____совети и како да

Основна хигиена во шминкањето

Покрај тоа што не смеете да употребувате шминки со поминат рок треба да внимавате на хигиената на приборот за шминкање. Без разлика на тоа колку чинат и од која позната марка се, сите шминкиможат да пренесуваат и разни видови на бактерии.

Девојките со чувствителни очи и кожа особено треба да водат сметка за хигиената на приборот за шминка. Еве како да го одржувате чист:

Не делите ги шминките со другите. Лесно може да закачите херпес на устата ако го позајмувате карминот на пријателките. Доколку вашата пријателка имала јачмен на окото, не дозволувајте да се шминка со вашето моливче или четка.

Мијте ги четките еднаш во неделата. Четките мора да ги измиете еднаш во неделата со млака вода, а можете да ги поминете и со алкохол за дезинфекција. На четките се закачуваат разни бактерии што веднаш се пренесуваат во окото и на лицето. Ако имате црвенило, иритација, јачмен или херпес мора да ги чистите шминките по секоја употреба. Во спротивно ризикувате да ја раширите заразата.

Чувајте ги шминките на темно и суво место. Многу подобро е шминките да ги чувате во несесер отколку наредени во тоалетот каде што изворот на бактерии е огромен. Најбезбедни се затворени во несесер. Внимавајте на тоа секоја сенка или моливче да си има капаче. Редовно бришете ги капачињата со памук на кој ќе ставите малку алкохол. Сигурно ви се случило карминот или пудрата да се стопат на сонце, тоа е премногу опасно за кожата. Затоа внимавајте како ја чувате шминката!

Редовно обновувајте ги шминките. Маскарата е најчестиот предизвикувач на иритации кај очите. Затоа особено треба да се внимава на нејзиниот рок на употреба. Без разлика колку е квалитетна, таа доаѓа во допир со воздухот и затоа мора да ја користите максимум 6 недели. Пудрата за лице и другите подлоги може да траат и до 6 месеци.

Не заборавајте да ги острите моливчињата. Со самото острење на моливчето го фрлате првиот слој на кој можеби живеат бактерии. Острете ги моливчињата за очи, но и оние за усни. За дополнително да ги заштитите најдобро е да внимавате да не ги загубите капачињата.

Бидете пребирливи во одбирањето салон за шминкање. Размислете само колку клиенти поминале пред вас. Не дозволувајте да ве шминкаат со истите четки. Или замолете да ги заменат или, пак, понесете си ги своите од дома. Опоменете го шминкерот да не дува во вас кога става руменило или сенка. Тоа е најбрзиот начин за пренесување вирус.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement