Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Секс и Врска

Секс стимуланти и афродизијаци

Нешто вкусно, ароматично, нешто заводливо – што е тоа? Сигурно порција афродизијаци гарнирана со секс стимуланти. Афродизијаците се природни активатори на сексуалната желба, а секс стимулантите ги зголемуваат сексуалните можности.
Афродизијаците се познати уште од древноста, а името доаѓа од името на грчката божица на љубовта Афродита. Под афродизијак подразбираме сето она кое со форма, вкус и изглед може да го подхрани сексуалниот апетит. Врската меѓу храната и сексот е добро позната. Обично афродизијаците имаат различно влијание врз сексуалноста.
Прошетка во потсвеста. Доволно е да верувате дека одредена храна е афродизијак, за да го разбуди вашиот сексуален нагон. Афродизиjаците во комплет со моќта на сугестијата се во состојба да ги зголемат степените на сексуалната желба.
Љубов на прв поглед, прво дегустирање. Доволен е само ароматичен стимул за да предизвика желба, еден поглед за да предизвика акција и неверојатен вкус за да посакате и десерт од секс менито.

Одредени мириси се опфатени во делот афродизијаци уште во античките времиња. Според д-р Алан Хирш главен невролог во Фондацијата за истражување на мириси и вкусови во Чикаго, различните мириси ја поттикнуваат циркулацијата и се способни брзо да го променат расположените и однесувањето. Хирш вели дека најефикасни арома-афродизијаци се роза, сандалово дрво, ѓумбир, јасмин, лаванда.
Други научници пак утврдиле дека љубовта е доволен афродизијак кој опива повеќе од секој друг афродизијак. Според научниците, ако сакате некого тогаш сигурно го сакате и неговиот природен мирис на кожата кој ви делува како доволно силен афродизијак, и ви ја разгорува сексуалната желба.

Спорно е прашањето за вкусот, има храна која го стимулира која стимулира одредени хормони, одговорни за сексуалното и душевното задоволство. Чоколадото го стимулира производството на допамин, црвените пиперки – ендрофин.
Некоја храна пак спаѓа под афродизијак само затоа што нејзината форма се изедначува со формата на половите органи – банани, краставици, моркови и друго овошје и зеленчук.

За повеќето луѓе едни од најсилните афродизијаци се чоколада, јагоди, шампањско, грозје, банани, лук, индиски ореви … А едни од најефикасните природни афродизијаци се билки. Магдоносот влијае на хормоните, ментолот го стимулира дишењето и сексуалната желба, женшенот го зголемува производството на тестостерон. И голем број зачини се меѓу најефективните афродизијаци – шафран, кардамон, индиски оревче, ѓумбир.

На некои луѓе не им се потребни било какви афродизијаци за да посакаат да ја исконсумират љубовта. Најчесто, сепак, желбата за секс не е предуслов за постоењето и на исто толку големи можности за сексуални подвизи.
За таа цел се создадени вештачки афродизијаци и стимуланти за да го подобрат квалитетот на сексуалниот живот.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Green Tea

Иако често зборуваме за здравјето на срцето или дигестивното здравје, метаболичкото здравје сè уште звучи како апстрактен концепт за многумина. Ендокринологот д-р Чхаја Макија...

Green Tea

Високите температури можат да го уништат дури и најдобро нашминканото лице. Сепак, со неколку едноставни трикови, можно е шминката да остане свежа и трајна...

Wall Street

Според најновите гласини, компанијата Apple започнала со развој на паметен прстен. Се шпекулира дека ќе се вика iRing, но Apple би можел да избере...

Green Tea

Промените не се само физички – тие влијаат и на расположението, стресот и самодовербата. Период без сексуален однос не е невообичаен за многу луѓе...

Advertisement