Ако во спалната соба се применуваат само класичните правила за време на сексот ќе завладее монотонија по што партнерите нема да бидат задоволни од односот.
Улогата на половите игра клучна улога во сексуалното однесување на мажите и жените, а главната поделба е моќта на размислувањето дека мажот треба да биде сексуално доминантен, а жената треба да биде покорна – покажало едно истражување.
Таквиот однос може да има големо влијание на сексуалноста а најновите истражувања покажуваат дека колку повеќе млади жени го прифаќаат овој однос, толку е помала веројатноста дека тие ќе бидат самоуверени и вешти во сексот.
Во истражувањето било откриено дека жените не сметаат дека мажот би требало да биде оној кој доминира во сексот. На секој учесник во посебна кабина му биле поставувани прашања кои укажуваат на сексуална самодоверба. Во кабините имало бесплатни кондоми за жените со порака: „Заштитете се себеси и вашиот партнер. Ве молам земете неколку! Бесплатни кондоми“.
Младите жени кои се задржувале на типичните улоги на половите, дозволувајќи им партнерот да доминира во спалната соба, не сакале да земат кондоми.
– Доколку мажот мисли дека треба сексуално да доминира, ова може да ги спречи нивните партнерки да бидат отворени и опуштено да разговараат за сексот и заштитата или да постават прашања за работи кои не ги знаат; токму така ја губат сексуалната самодоверба – сметаат експертите.
Кога жените ќе влезат во нивните триесетти години, тие имаат повеќе самодоверба кога се во прашање сексуалните односи и стануваат значително посигурни па затоа се и најдобри во ова поле.

You must be logged in to post a comment Login