Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Фитнес

3 едноставни истегнувања кои го намалуваат стресот

Спуштање по ѕид
Ова истегнување ги опушта рамената, вратот и половината. Застанете со грбот на ѕидот, со стапалата раздвоени во ширина на колковите, вовлекувајќи ги стомачните мускули навнатре кон ‘рбетот и со тоа допирајќи што поголем површина од грбот на ѕидот. Како што издишувате, спуштајте се надолу, додека не биде само вашиот задник и опавчето потпрени на ѕидот. Опуштете го вратот и рамената, дозволете на главата и рацете опуштено да висат. Дишете длабоко и бавно, правејќи 5 кругови навнатре, и 5 нанадвор. Бавно исправете се.
Варијација на „мачка“
Се опуштаат рамената, градниот кош, стомачните мускули и грбот. Клекнете, со рацете исправени допрете на подот, а колената ви се под прав агол со колковите (постигнувајќи поза на мачка). Издишете, вовлекувајќи ги стомачните мускули кон ‘рбетот, а спуштајќи ја главата и опавчето од ‘рбетот кон подот. Потоа вдишете, враќајќи се во обратна положба, главата и опавчето од ‘рбетот кон таванот. Повторете 5 пати. Следно, со хоризонтално исправен грб, завртете и сместете ја левата рака со дланката нагоре, помеѓу десната рака и десната нога. Истегнете ја раката колку што можете, и земете 5-8 пати длабоко воздух и повторете со десната рака.
Нагоре по ѕидот
Оваа вежба ги опушта колковите и задиниот дел од бедрата. Легнете на грб, со задникот колку што е можно поблиску до ѕидот. Испружете ги нозете нагоре по ѕидот, одржувајќи ги стапалата релаксирани и во ширина на колковите. Со помош на рацете, нежно притиснете ги бедрата кон ѕидот. Задржете ја положбата 5 до 8 дишења. Потоа бавно свиткајте ги колената во страна и спојте ги стапалата со табаните. Спуштете ги стапалата колку што можете пониско на ѕидот. Нежно притиснете ги колената и бедрата кон ѕидот. Задржете ја положбата 5 до 8 дишења.
Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement