Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

ДИ ДЕЈ

Венчавање на врв на светот

Бурж Ал Араб не е обичен луксузен хотел, а тоа  сите ние многу добро го знаеме …

Овој хотел секојдневно не изненадува со својот уникатен изглед, како и со организација на специфичните настани. Еден од нив беше тенискиот натпреварот помеѓу Роџер Федерер и Андреа Агаси. Нивниот аеродором за слетување беше место каде што слетуваа многу познати и угледни луѓе. Сега хотелот ви нуди единствена можност, која е луксузна и екслузивна во секоја смисла на зборот.

Хотелскиот организатор на венчавањето сега на сите млади им го приредува нивниот посебен ден на неверојатни места. Токму на овој аеродором каде што се има осет како да сте на небо а не на земја, можете да се земете со вашата сакана особа. Вашиот организатор ќе се погрижи да ви го приреди денот од соништата. Друг важен елемент на овој настан е фактот дека младенците ќе имаат пристап до главните креатори на модата, златарите, модни брендови, третмани за убавина, како и приватни часови по танц и бонтон. Сето ова е организирано со цел се да биде совршено, а на настантот ќе работи најдобриот готвач на хотелот.

Гостите на ваквата свадба исто така ќе добиат кралски третман по нивното пристигнување. Тие можат да дојдат со авион или пак со Ролс Ројс Фантом автомобилот, па би се осеќале како дел од благородништвото.

Цена за организирање на оваа свадба на врвот на светот во Дубаи се движи од околу 55.000 долари  и може да се зголеми значително, во зависност од вашиот избор на детали.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement