Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

МАМА

Скокоткањето може да помогне на бебето да научи да збори

Истражувачите кажуваат дека родителите кои ги скокоткаат децата додека им зборуваат им помага да ги идентификуваат зборовите во контуинирианиот говор.

Тим од Универзитетот Пурде за истражување, кажал дека осетот на бебето за допир е поврзан со развојот на јазикот повеќе одколку што се мислело.

,,Допирот го разбираме како начин на пренесување на емоции, но нашето истражување покажа дека новороденчињата можат да го поврзат допирот со говорот. До сега се објавени разни истражувања кои покажуваат дека допирот е важен за психо-физичкиот развој на детето, но ова е прво истражување кое ја истражува поврзаноста на допирот со учењето на јазикот”, кажала Аманда Сеидл од универзитетот, која го водела истражувањето.

Учењето на зборовите претставува голем предизвик за бебето со оглед на тоа што поголемиот број на зборови ги слушаат во континуиран говор. Родителите можат да направат пауза кога го изговараат името на детето, но не го прават тоа кога изговараат други зборови.

Истражувачите истражувале дали допирот може да му помогне на детето да открие кога зборот почнува а кога завршува во континуираниот говор.

,,Тие мораат да пронајдат збор пред да го поврзат со правилно значење. Бебето прво учи делови од телото, со оглед на тоа што родителите често ги допираат и ги изговараат зборовите кои се однесуваат на деловите од телото”, кажала Аманда.

Во истражувањето учествувале 48 бебиња стари четири месеци. Бебињата биле поделени во две групи – една слушала континуиран говор, а другите неповрзани зборови. Бебињата реагирале на континуираниот говор.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Life Story

Сè повеќе луѓе ја воведуваат оваа навика пред ручек. Високиот холестерол доведува до натрупување на плаки во крвните садови, што може да доведе до...

Green Tea

Ако се сеќавате на трендот „Моќта на шминката“ кој беше исклучително популарен пред една деценија, тогаш не ни треба многу убедување за трансформативната моќ...

Green Tea

Антибиотската терапија е неопходна за уништување на бактерии и бактериски инфекции, но додека се прави тоа може да предизвика колатерална штета во дигестивниот тракт....

Advertisement