Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Здравје

Основни правила за намалување на масните наслаги

Намалувањето на масните наслаги може да ви изгледа како тешка задача, но постојат начини кои можат да го направат овој процес поедноставен и поефикасен. Луѓето често сакаат да знаат како можат да го намалат салото и да го тонизираат телото. Дали тоа е диетата, вежбањето или комбинација од двете? Ние издвоивме неколку начини кои можат да ви помогнат лесно да го намалите салото.

Комбинирајте кардио-вежби со тежина

Со комбинирање на кардиоваскуларна рутина од 45-60 минути и вежби кои вклучуваат кревање на определена тежина ќе формирате дефинирани мускули и ќе го намалите салото на вашето тело. Ова исто така ќе помогне да го забрзате вашиот метаболизам, а со тоа ќе согорувате и повеќе калории во текот на денот.

Јадете зеленчук

Со консумирање на здрав оброк и внесувањето на зеленчук, ќе го подобрите вашиот имунитет и ќе го забрзате вашиот метаболизам. Настојувајте пет пати во денот да внесувате било каков зеленчук.

Вежбајте во интервали

Вежбајте во интервали два до три пати во неделата за да го забрзате метаболизмот и да го намалите салото на вашето тело. На пример, ако ја употребувата траката за трчање, најпрво започнете со пешачење, а потоа почнете да забрзувате. Останете на најбрзото темпо неколку минути, а потоа повторно намалете ја брзината која ќе ве врати на пешачење. Повторувајте го ова неколку пати во текот на вежбањето.

Практикувајте здрава диета

Консумирајте зеленчук и овошје секој ден. Ако сакате да го намалите салото морате да направите план на исхрана кој ќе се состои од здрава храна. Елиминирајте ја високо калоричната мрсна храна и благите работи. Пијте осум чаши вода дневно и лимитирајте го, или целосно елиминирајте го алкохолот. А за да го забрзате метаболизмот, јадете пет до шест мали оброци дневно.

 

 

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Green Tea

Дали сте забележале слој маснотии на дното од вашите тави? Можеби сте се обиделе да ги триете или потопите во детергент долго време, но...

Green Tea

Грчкиот јогурт е популарен избор во здравата исхрана благодарение на неговата богата текстура, вкус и висока хранлива вредност. Со уникатен процес на подготовка, кој...

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

____celebrity

Британскиот принц Хари падна во депресија кога привремено се повлече од кралските должности во 2019 година, пред официјално да се повлече,во видео подкаст во...

Advertisement